13.1 C
Ohrid
четврток, мај 15, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонците во Албанија бараат загарантирани места за малцинствата во Парламентот

Македонците во Албанија бараат загарантирани места за малцинствата во Парламентот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лидерот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, побара загарантирани места за припадниците на малцинствата во албанското Собрание.

<

Ваквото барање тој го изнел на тркалезната маса организирана од мисијата на ОБСЕ во Тирана посветена на изборната реформа на тема „Негирани од страна на системот: Воспоставување на сеопфатен систем за заштита на демократијата”, на која учествувале пратеници од албанското Собрание и претставници на политичките партии и цивилниот сектор.

„Во моето излагање, во името на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, истакнав дека ако има некој кој е негиран од страна на системот тоа се малцинствата во Албанија. Освен грчкото малцинство кое традиционално е застапено во албанското Собрание, другите малцинства: македонското, влашкото, ромското, бошњачкото, египќанското, српското и црногорското се политички незастапени во албанското Собрание во изминатите 30 години“, вели Стерјовски.

Тој додава дека е време малцинствата во Албанија да имаат загарантирани места во албанскиот законодавен дом, по примерот на многу држави во Европа, кои имаат обезбедени мандати во нивните парламенти за националните малцинства.

„Верувам дека ќе се најде политичка волја, но и со помош на нашите стратешки партнери САД и Европската Унија со новата изборна реформа, малцинствата во Албанија да имаат загарантирани места во албанското Собрание“, нагласува Стерјовски.

Според нег, една од зацртаните активности на МАЕИ е партијата да биде застапена со свој пратеник во албанското собрание.

„Ние мора да се избориме секогаш да бидеме парламентарна партија. Заеднички со сите малцинства, бараме да имаме загарантирани места“, додаде Стерјовски.

Инаку, Стерјовски во мај годинава стана првиот пратеник во албанскиот Парламент во плурална Албанија, кој доаѓа од редовите на македонска партија, но и воопшто прв пратеник кој јавно се декларира како Македонец. Тој го доби мандатот, откако пратениците од коалицијата што ја предводеше Социјалистичкото движење за интеграција, чиј дел на јунските избори пред две години беше и МАЕИ, се откажаа од пратеничките мандати. Врз основа на договорот Васил Стерјовски беше петти на кандидатската листа за округот Корча.

МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сообраќајна незгода кај Извор-Кичево: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче

Сообраќајна незгода кај Извор: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче Денеска попладне, на регионалниот пат Кичево – Охрид, во близина на селото...

Гитаристот на ДНК, Горан Тонев: Колку што сум среќен за мојот живот, толку сум и тажен за моите пријатели !!!

Младиот гитарист на ДНК, Горан Тонев покрај Панчо и Ана е третиот член на бендот кој остана жив во пожарот кој ја зафати кочанската...

Бектеши, излезе од зад решетки и сега издржува куќен притвор

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, осомничен во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, од вчеравечер е дома. Мерката ефективен притвор му е заменета...