6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаСветСноуден открива застрашувачки детали: „Ви ги гледаат сопругите и децата! Не знаете...

Сноуден открива застрашувачки детали: „Ви ги гледаат сопругите и децата! Не знаете што прават со вашите мобилни телефони додека екранот е згаснат!

spot_imgspot_img

Тој се крие во Москва откако побегнал од САД. После долго време, последниве денови даде неколку интервјуа за најголемите светски медиуми затоа што штотуку ја објави својата книга во која ги откри шокантните детали.

Тој раскажал како денес живее во главниот град на Русија каде што стигнал пред шест години, дали се плаши дека ќе го пронајдат и дека ќе го убијат тајните американски служби или пак почнал да живее нормален живот, на тајна адреса.

Едвард Џозеф Сноуден го “здрма“ светот во 2013-та година. Откако работел во DELL, го ангажирале како хонорарец во ЦИА, а потоа добил увид во строго чувани документи на Националната безбедносна агенција (NSA).

The Young Turks

@TheYoungTurks

.@Snowden talks to @cenkuygur about the treatment of whistleblowers:

“Whistleblowers will not be available when we need them the most.”

“You have to believe that the public needs to know the things that you’re revealing more than you need to be free.”

Embedded video

468 people are talking about this

Работел на прислушкување и следење на граѓаните преку компјутерски екрани и телефони. Имал пристап на сите мејлови, смс пораки и чатови… Сфатил дека со тоа најгрубо се крши приватноста на луѓето што многу го разочарало. Одлучил да не биде дел од тој систем.

Се обидел прво да ги предупреди шефовите за тоа, но не го сослушале. Потоа собрал над илјада документи и докази како тајните служби ги следат обичните граѓани и потоа тој доказ го дал во NSA.

Седнал во авион на 20-ти мај 2013-та година и допатувал до Хонгконг. Десеттина денови подоцна за новинарите ги открил првите класифицирани документи кои ги носел со себе и кои биле доказ за надзорот над граѓаните кој го прават американските и британските шпиунски агенции.

На 21-ви јуни 2013-та година американското Министерство за правда покренало обвинение против него за шпиунажа и крадење на владините документи. САД му го земале пасошот и почнал “ловот“.

Од Хонгконг заминал во Москва и таму побарал азил. Знаел дека доколку го фатат и го вратат во Америка би можел да заврши во затвор повеќе децении. Повеќе од месец дена живеел на аеродром, а потоа Русите му одобриле азил и сега живее таму.

Во мемоарите кои се објавени со наслов „Permanent record“, Сноуден открил и многу непријатни факти за себе.

„Најлошата работа е кога сфатив колку бев наивен и полн со доверба и како сето тоа можеше да ме претвори во алат систем кој ќе ги користи моите вештини за да се направи глобална штета. Глобалната технолошка заедница, во чиј состав бев и јас, најдолго беше аполитична. Нашата историја на размислување е: „Ќе го направиме светот подобар““ – а потоа сфатил што прави.

„Мора да знете дека на почетокот работев за ЦИА и немав поим за масовниот надзор. Дури кога ме вратија во седиштето на NSA, откаде што на крајот дадов отказ, добив задача да работам со тој алат за надзор. Дојде еден човек кој ме подучуваше на таа програма – „Prisim“. Понекогаш ќе се вртеше на столот и ќе ми ги покажуваше голите луѓе. Кога на екранот ќе се појавеше и гола жена кај оној кој го надгледуваа тој само возбудено ќе викнеше: „Бонус““.

„Сфатив дека ги користам алатите за масовен надзор. Но, сето тоа беше многу апстрактно. И одеднаш ја гледате личноста која всушност ве гледа преку екранот. Таа секако не знае дека те гледа. Но, сфаќате дека додека луѓето на компјутерскиот екран нешто читаат, ние ги читаме нив. Ми требаше цела вечност за да развијам чувство на скепса“ – изјавил тој.

Вашиот мобилен телефон секоја минута испраќа илјадници информации

На прашањето дали интернетот е лоша алатка, Сноиден вели дека не е и дека тој функционира неверојатно, но за погрешни луѓе.

„Што имаме денес? Имаме Фејсбук, Гугл, големи центри на податоци во целиот свет, а тие момци преку далечинско управуваат со нашите телефони и компјутери“.

„Погледнете го својот мобилен телефон. можете ли да ми кажете што работи додека екранот е згаснат? Со својот авторитет и искуство можам да ви кажам дека тој телефон комуницира околу сто или илјада пати секоја минута. Се поврзува со огласната мрежа, го анализира вашето однесување, ја следи вашата локација итн. Главниот проблем е тоа што сето тоа се случува без ваше знаење и не се гледа. Секогаш кога ќе уклучите некоја апликација тие ве присилуваат да притиснете “се согласувам“ и потоа животот ви станува подобар“ – уверува поранешниот работник во ЦИА.

Безбедносните камери се опасност

Сноуден исто така предупредува дека најголемата опасност е пред нас.

„Префинетата способност на вештачката интелигенција, како препознавање на лица и отпечатоци. Безбедносните камери се опрема на вештачката интелигенција, таа не е само направа за снимање, таа може да се претвори во нешто како што е на пример автоматизиран полицаец“ – вели тој.

Тој се плаши дека американската и другите влади со помош на големите интернет компании се движат кон создавање на трајни записи на сите луѓе на Земјата, забележувајќи го нивниот секојдневен живот.

Извор https://tocka.com.mk/vesti/320029/snouden-otkriva-zastrasuvacki-detali-vi-gi-gledaat-soprugite-i-decata-ne-znaete-sto-pravat-so-vasite-mobilni-telefoni-dodeka-ekranot-e-zgasnat

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...