6.9 C
Ohrid
вторник, ноември 12, 2024
ПочетнаСветПатување по Балканот само со лична карта- без пасоши

Патување по Балканот само со лична карта- без пасоши

Генералната секретарка од Советот за регионална соработка (RCC), Мајлинда Брегу изјавила дека таа организација е подготвена да им помогне на земјите од Западен Балкан.

Оваа организација би била посредник за постигнување на компромис за слободно патување само со лични карти.

Како што соопштуваат од RCC, таа на неформален состанок за процесот на соработка со Југоисточна Европа (SEECP), прв кој се одржува во состав на претседавањата на Косово, изјавила дека тоа би се постигнало низ спроведување на Повеќегодишен акционен план за регионален економски простор (MAP REA) како дел од претстојниот самит Берлински процес.

„Регионалната соработка е темел на стабилност и општествен-економски напредок на нашиот регион и драго ми е што глдам дека истата е потврдена денес, затоа што да се биде овде во текот на неделата кога се одржува заседанието на UN, придонесува на позитивната атмосфера, заедништво во наоѓање на решенија за цели кои сите ги делиме. Драго ми е што приоритетите на Процесот на соработка во Југоисточна Европа се тесно поврзани со приоритетите на регионот, а тоа се поврзување на младите културата, уметноста и туризмот“ – изјавила Мајлинда Брегу.

Таа моментот го оценила како поволен – Хрватска за првпат ќе го преземе преседништвото на ЕУ, Бугарија и Македонија ќе претседаваат на Берлинскиот процес, Албанија и Македонија веројатно ќе ги отворат преговорите за пристапување на ЕУ, процесот за проширување ќе биде во средиштето на делување на ЕУ.

„Регионот се движи по пат на заеднички раст и трансформација. Со прашањата за стабилност преминавме на создавање на економски пораст и сега треба на најдобар начин да го искористиме овој поволен момент за напредок“ – заклучила Мајлинда Брегу.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тешка битка за живот: Готвачот од Канал 5, Антонио Јанковски бара помош.

Готвачот кој учествуваше во кулинарската емисија на „Канал 5“ сега се соочува со сериозна здравствена борба, дијагностициран му е рак, а истовремено страда и...

Севдије Коџа разрешена поради фалсификуван сертификат по англиски од Бугарија.

Општата болница со проширена дејност Дебар, од денеска има нов директор, дознава „Слободен печат“. Досегашната директорка на болницата педијатарката Севдије Коџа е разрешена од...

Жетва на пехари од “КОРЧА ОПЕН 2024 “ за натпреварувачите на М.Т.Т.Ф.

Жетва на пехари од “КОРЧА ОПЕН 2024 “ за натпреварувачите на М.Т.Т.Ф Викендов што помина на 09.11 2024 во , соседна Албанија се одржа ревијален...

Али Ахмети, упати нова закана: Ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати нова закана за масовна реакција на Албанците доколку Уставниот суд донесе одлука да го промени или укине Законот...