21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаМијалков повеќе не повраќал: Започнува ново судење за „Трезор“

Мијалков повеќе не повраќал: Започнува ново судење за „Трезор“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, денеска се појави на судењето за случајот „Трезор“, но во меѓувреме истечени биле максимално дозволените 90 дена од едно до друго рочиште по што фомално судењето за овој предмет на поранешното СЈО започнува одново. Делумно на истекувањето на рокот од 90 дена влијаеше и непојавувањето на Мијалков на последното закажано судење во петокот кога адвокатот за истиот случај донесе медицинска документација дека имал болки во желудникот.

<

Тој имал покачена телесна температура и повраќал, наведе одбраната со медициска документација. Мијалков е првообвинет во случајот, а на обвинителна клупа се и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.

Формалниот почеток на новото судење за предметот „Трезор“ започна денеска а ексшефот на тајната полицијасе појави на судењето. На денешното рочиште беше прецизирано обвинението во однос на износот на штетата. Предметот е во фаза на доказна постапка и треба да продолжи со сослушување сведоци.

Обвинетите се товарат дека набавиле опрема за прислушување во Лондон, 2010 година, но набавката не одела преку МВР, туку преку компанијата „Финзи“. Според обвинението на СЈО, „Финзи“ во договор со УБК и МВР увозот на опремата го фактурирала по двојно поскапа цена. Следното рочиште е закажано за 21 октомври.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...