22.9 C
Ohrid
петок, јули 18, 2025
ПочетнаМакедонијаБорисов: Никогаш не сме кажале дека безусловно го поддржуваме приемот на Македонија...

Борисов: Никогаш не сме кажале дека безусловно го поддржуваме приемот на Македонија во ЕУ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Секогаш сме истакнувале дека Северна Македонија може да смета на нас за ЕУ, но никогаш не сме кажале дека безусловно го поддржуваме нејзиниот прием. Иднината на Северна Македонија е во ЕУ и тие не треба да си играат со таа шанса.

<

Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по консултативната средба кај претседателот Румен Радев на која присуствуваа и вицепремиерката и шефица на дипломатијата Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов.

„Ние немаме поблизок народ. Исклучително е важно да бидат примени во ЕУ, но важно е и да разберат дека тоа зависи од нив. Затоа апелирам да запрат да си играат со историјата, со минатото и да се концентрираат кон иднината“, рече Борисов.

Софија, додаде бугарскиот премиер, сака заедно со Северна Македонија преговорите да ги почне и Албанија.

Каракачанов, пак, по средбата, како и пред неколку дена, кажа дека Бугарија не може безусловно да ја поддржува Северна Македонија и треба да постави многу  јасни услови. И Каракачанов смета дека најдобра варијанта би била Северна Македонија и Албанија заедно да ги почнат преговорите за членство во ЕУ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доктор Маја Мојсова најверојатно ќе биде кандидат за градоначалник од СДСМ на Карпош

Доктор Маја Мојсова, поранешната директорка на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) најверојатно ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Карпош...

Изет Меџити: Арсовска му дојде пред куќа и го истепа „Барути“ со клоци.

Вицепермиерот Изет Меџити во вестите на тв Сител прашан зошто само Влен не го осуди физичкиот напад врз градоначалничката Арсовска кој финишираше со притвор...

Албанците со повик за бојкот на Кока-кола: Без ниту едно албанско име на етикетите

Кока-Кола се соочува со жестоки критики во јавноста, откако беше обвинета за дискриминаторски и исклучувачки ставови кон албанската заедница во Северна Македонија. Причина за...

Прерана загуба во Охрид – збогум учениче со светла насмевка

Тешко е да се најдат зборови што ќе ја опишат болката од прераното заминување на нашиот драг ученик. На само 16 години, засекогаш не’ напушти...