12.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаПочнавме со враќање на парите кај граѓаните на Северна Македонија: До крајот...

Почнавме со враќање на парите кај граѓаните на Северна Македонија: До крајот на декември следува првата исплата за повратокот на ДДВ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од Управата за јавни приходи соопштија дека вчера, 30 септември, заврши првото тримесечие од реализацијата на мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ.

<

На граѓаните на трансакциските сметки ќе им бидат исплатени средствата од повратот остварен во месеците јули, август и септември до крајот на декември оваа година.

Од воведувањето на мерката на 1 јули оваа година до вчера регистрирани се 170, 378 корисници на апликацијата „МојДДВ“, скенирани се 22,670,713 фискални сметки, остварен е промет од 11,423,978,620 денари, со вкупен ДДВ од 1,241,434,628 денари додека повратот на 15 отсто од пресметаниот ДДВ изнесува 186,215,194 денари, односно 3,028,000 ЕУР.

По исплатата во декември, ќе следува исплата во текот на месец февруари за месеците октомври, ноември и декември, во април за месеците јануари, февруари и март, во август за месеците април, мај и јуни и во ноември за месеците јули, август и септември.

„Управата за јавни приходи изразува задоволство од досегашната реализацијата на “МојДДВ“. Податоците покажуваат дека мерката ги исполнува целите за кои е наменета. Ги враќа парите кај граѓаните и ја намалува неформалната економија“, велат од УЈП.

На корисниците сега им е достапна и веб апликацијата „МојДДВ“ преку којашто може да го проверат износот на повратот којшто ќе им биде исплатен на нивната трансакциска сметка, а имаат и можност за повлекување на фискални сметки коишто се скенирани погрешно.

Во наредниот период Управата за јавни приходи ќе излезе со целосна анализа и податоци за мерката „МојДДВ“ преку којашто ќе се видат придобивките и во однос на намалувањето на сивата економија по нејзиното воведување.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...