15.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаУрнати два државни рекорди на Skopje Run 10K

Урнати два државни рекорди на Skopje Run 10K

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Два државни рекорди на 10 километри на улична трка денеска беа урнати на третата по ред Skopje Run 10K на која учетвуваа околу 2.000 тркачи. Дарио Ивановски го надмина машкиот државен рекорд во 10 километри на улична трка каде истрча за 31:07 минути, додека Андријана Поп Арсова со 37:02 минути го урна женскиот државен рекорд во иста категорија.

<

Во машката категорија втор беше Милош Ранчиќ со 33:44 минути, трет беше Атанас Анчевски со 33:49 минути. Од женските прва беше Теодора Симовиќ со 34:59 минути, второто место го зеде Андријана Поп Арсова и на третото место заврши Билјана Кираџиева со 37:59 минути.

Од штафетната трка најдобри беа Game On со 36:34 минути, по нив NRC-NIKE+RUN CLUB со 37:55 минути и трети завршија 3P DEVELOPMENT со 38:01 минути.

Во рамки на трката оваа година се организираше и хуманитарна акција за донации насловена #ЗасадиВоздух каде од продадените dry-fit маици се одделуваат средства за садници кои тимот на Skopje Run 10K и Град Скопје ќе ги засадат на погодна локација.

Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички. Главни покровители на Skopje Run 10K се Агенција за млади и спорт на РСМ и Град Скопје, а ко-организатор е МВР на РСМ.

Плусинфо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...