10 C
Ohrid
сабота, декември 14, 2019
Почетна Забава Што значи ако ви се појави крст во талогот од кафето

Што значи ако ви се појави крст во талогот од кафето

Translate (Eng):[gtranslate]

Ако сакате да дознаете како правилно се пие кафето за да се види од него иднината – прочитајте ОВДЕ. Во првиот дел можете да ги прочитате симболите кои започнуваат на буквите: А, Б, Ц и Ч.

Дно на шолјата: ако е црно – богатство. Ако е празно – сиромаштија и зли времиња, но исто така, може да значи и завршување на грижите и проблемите (нивно „заминување“) и отворање на нови можности, доколку сликата на дното е како навистина да си заминува/истекува талогот.

Дама= чест и признание.

РЕКЛАМА

Делфин= радост, веселба и успех.

Девица= брзина, убави вести

Дете= покрстување, кумство, ново пријателство или бебе во семејството, успешна работа и признание. Ако околу него има позитивни симболи – радост, почеток на нешто ново, паричен добиток. Ако околу него има негативни симболи – почеток на грижи и неуспех.

Дим= судење

Детелина со 4 листа= голема среќа, успех, можна добивка во игра на среќа.

Друштво со повеќе луѓе= весела забава

Дрво= позитивен знак, радост, успех, остварување на надежта, оздравување, заслужен приход, промена на подобро. Ако дрвото има крошна – ќе ви се исполни желба.

Повеќе дрва- имате добри пријатели, исполнување на желба.

Двоглед= невоља поради некоја сокриена тајна

Дворец= наследство, помош во невоља

Џамија= успех, среќа после тешка работа

Џип= голем успех на работа

Џокеј= шпекулации

Ѓезве= добри вести

Г(буква)= радост

Гајда= разочарување

Галеб= љубовно писмо, љубовен состанок

Гавран= тажна вест, почеток на некоја невоља

Гитара= подарок, почеток на нова работа

Глава= размислување, интелект, одлука. Глава со коса-напредок, добивка. Ќелава глава-среќа, скорешно мажење – ако е на врвот од шолјата.

Габа-Печурка= среќен живот, здравје, богатство. На работ од шолјата – промена во животот. На дното – бидете внимателни во следниот период, но ќе успеете да излезете од проблемите.

Гнездо= среќа во семејството.

Гулаб= писмо со убави вести, среќа во коцка, подобрување но и жртвување. Ако е летно време- носи многу важни вести.

Гондола= ако е на врвот од шолјата – патување. Ако е во средина – нова љубовна врска, романса. На дно- кавга со партнерот.

Гребло= добро ќе се снајдете

Грав= финансиски потешкотии

Грамофон= задоволство

Гранка= помош од пријател при неволја

Грмушка= пријатно друштво

Гроб= несреќа, смрт, тага, губиток. На дно-смрт во семејството. На страна- смрт на некој од околината.

Гром= покажи се јавно

Грозје= во зависност од околните фигури: несреќна љубов и разочарување или плодна и искрена љубов.

Гуска= добиток, пронаоѓање на добро решение.

Фенер= ќе се открие крадецот кој ве ограбил

Фес= почит, награда, пријатна вест

Х(буква)= затвор, апсење

Харфа= долготрајна среќа во животот, хармонија и задоволство во семејството

Храст= успех, слава, веселба, среќа

Чадор= ви треба заштита зошто се опкружени со непријатели кои ве демнат. Ако е затворен – неможност за остварување на плановите. Отворен- побарајте помош од искрени пријатели.

Чекори= докажување во животот

Играчка= носталгија, игра, безгрижност

Икона= радост во семејството

Инсект= можни грижи и нерасположение

Јаболко= нова љубов, почеток во љубовта, ново пријателство, плодност, приход.

Јавач= брзи вести

Јахта= околу вас имате неискрени пријатели, бидете внимателни

Јајце= благосостојба, почеток на нешто добро, напредок и успех, остварување на идеи

Јарец= сопарник во работата

Јарем= некој ве искористува, ви го руши угледот или ве злоупотребува, лажни пријатели

Јастреб= судски проблем, изгубен процес

Еднорог= некој тајно е вљубен во вас, а вие сте рамнодушни, тајна љубов

Елка= болест на мајка или баба, успех во уметничка работа, колку е повисока толку е поголем успехот

Елен= брз успех, гордост, достоинство, напредок, помош од машко лице

Езеро= среќна љубовна врска

Кактус= штета, опасна работа, опасни мисли, депресија

Камења= потешкоти

Канџа= непријател, опасност, внимавајте што и кому му се доверувате

Канта за ѓубре= болест

Капа= почит или откривање на некоја тајна, доаѓање на неволји, бидете внимателни (во зависност од околните знаци)

Кафез= губиток на слобода, депресија, незадоволство, изгубеното нема да се најде

Кит= успех

Класје= неочекувано убави вести

Кловн= забава, можни неволји, внимавајте да не изиграат

Клуч= богатство, успешно решавање на проблемите. Ако е на дното – нови проблеми.

Клун од птица= вести, упорноста ќе се исплати.

Книга= мудрост, судски проблеми, тешко докажување на вистината. Затворена книга- поволно решавање на проблемите, со можно задоцнување. Отворена= ќе пристигнат нови поволни информации и решенија.

Кочија= разочарување

Куфер= ново патување, нова работа

Кокос= оговарање, неприлика, лоша вест, вознемиреност, опасност за семејството, вербален конфликт со жена

Комета= неочекуван посетител, вест или ново сознание

Компас= патување

Коњ= доверба, достоинство, успех, искрена врска, верен пријател, сила, независност. За девојки- можна е понуда за брак. За мажи- успех во работата. За оженети- љубовна авантура вон бракот. Глава од кољ= искрена љубов. Кољ во трк-убава љубовна вест. Во статична положба- романса.

Костур= болест, губиток на пари, немаштија

Кошница= радосно изненадување, среќа во љубов, успех или добивка. Ако е опкружена со точки- паричен губиток

Ковчег= непријатни вести, болест, потреба да се „закопа“ минатото.

Коза= лажни пријатели, конфликт, грижи, сиромаштија, потешкотии

Крал= сила, моќ, успех

Крава= богатство, напредок

Кревет= болест во семејството, мрзеливост

Крилја= добри вести, оздравување

Крст= со темна боја на бела површина-добивка, сигурност и долготрајна животна среќа. На врв од шолјата- заштита, патоказ. На дно- губиток, несреќа, жртва. Со бела боја –лоши вести, тешка болест, смрт. Повеќе крстови – благосостојба.

Крокодил= внимателност, опасност, несреќа

Кров= сигурност во домот, на работа или финансии, заштита. Повеќе кровови= можна е нова куќа

Кругови или овали=поволен знак, остварување на желба, помирување, успех, свадба. Ако има точка во средината= забременување.

Круна= успех, богатство

Круша= наследство, финансиска сигурност, долга љубовна врска

Куѓа= емоционална и материјална сигурност. Ако е на врв-убава љубовна ситуација. На дно-раскинување и проблеми во врската.

Кула- успех, наследство

Кутија= лажни пријатели, љубомора, завист

- Реклами -