14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаДебарцаВо Струшко украдени 600 икони со непроценлива вредност

Во Струшко украдени 600 икони со непроценлива вредност

Негрижа за богатото црквно наследство, ограбени, опустошени и осквернавени цркви, незаштитени и заборавени локалитети е сликата од македонските светилишта. Само во изминатите десетина години од Струшко украдени се 600 икони со непроценлива вредност.

За надминување на овој проблем, според професорот Маријан Јованов од Филозофскиот факултет, потребни се системски промени и построга законска регулатива. Смета дека неорганизираноста на државата е главна причина за пустошењето на културното наследство и моменталната состојба.

„Некои работи морало да се предвидат многу порано. Не може и не смее да се остави на милост и немилост културното наследство. Тоа се случувало и во минатото и сега. Доволно е да погледнеме во минатото кога се ограбувало безмилосно, немало закони за заштита на култруното налседство. Донесовме закони, но не ги спроведовме“, вели Јованов.

Тој смета дека црквите немаат елементарна заштита и оти се остваени сами на себе, без видео надзор, аларми или чувари.

„Тука има вредни дела што беа мамка за крадците. Вредни дела има и во други краеви низ државата, кои се уште помалку заштитени. Не би сакал да споменувам да не им отвораме очи на арамиите. Не само што нема современи уреди за заштита, нема елементарна заштита. Нема човек од време на време да отиде, да види дали иконостасот и иконите се на место“, изјави Јованов.

Изминатава деценија од црквите во Југозападниот регион исчезнаа највредните икони од Дичо Зограф. Украдени се црковни артефакти, световни книги, крстови, плаштеници со чудотворна моќ низ кои е проткаена вековната традиција и верувања на локалното население. Една од поголемите кражби годинава бнеше во гостиварско, кога беа украдени повеќе икони и вреден сребрен крст, неколку кражби во тетовско, една во струшко Дрслајца. Не останаа поштедени ниту црквите во охридско, ниту во битолскиот и дебарскиот регион. Бесценетите предмети завршуваат на црните европски пазари, а седум икони беа пронајдени во Тирана во 2013 година.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...