26.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаДебарцаЗначително намален водостојот на реката Сатеска-Дали реката е пренасочена на старото корито...

Значително намален водостојот на реката Сатеска-Дали реката е пренасочена на старото корито без да се размисли на еколошката катастрофа??!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поради големата суша, топлото време и недостиг на дождови, значително е намалено нивото на реката Сатеска која се влева во Охридското езеро. Како што може да се забележи од фотографиите, ситуацијата е алармантна до толку повеќе за животинскиот свет во реката.

<

Па еве јавно поставуваме прашање дали реката Сатеска во моментов е пренасочена на старото корито без да се размисли на еколошката катастрофа?!! или како што имаме неофицијална информација неколку села низ општината оваа вода ја користат за свои приватни потреби?!!

Реката Сатеска во далечната 1961 година беше пренасочена од нејзиното природно корито и наместо да се влева во реката Црн Дрим, таа веќе шест децении се слева во Охридското Езеро. Причините за таквиот зафат беа за да се оневозможи внесување талог во акумулацијата „Глобочица“, за мелиорација односно исушување на Струшкото Блато и да се зголеми потенцијалот на водата од Охридско Езеро за производство на електрична енергија.

А еве како беше претхдоно:

Екологистите постојано алармираат за намалувањето на водостоите на повеќе реки во земјава, како и за намалувањето на нивото на Преспанското и Охридското езеро.

Двете езера имаат помал водостој од просечниот за август и тоа за 15 сантиметри кај Охридското, односно за 1,73 метри кај Преспанското Езеро. За разлика од нив, нивото на Дојранското Езеро е за 2,58 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој месец.

Водостојот е понизок од просечниот и кај други реки. Исклучок се Вардар на сите четири мерни места, Бабуна кај Богомила, Брегалница кај Штип и Струмица кај Сушево, каде нивото е повисоко од просечното.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...