25.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаДебарцаДимче Андрески избран за нов директор на ЈКП”Дебрца”

Димче Андрески избран за нов директор на ЈКП”Дебрца”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со решение на градоначалникот Зоран Ногачески за нов Директор на Јавното претпријатие за комунална дејност “Дебрца” – Белчишта именуван е Димче Андрески, дипломиран економист и магистер по архелогија.

<

На средбата со новиот директор разговаравме за состојбите во ЈКП при што ја истакнав мојата безрезервна поддршка на Јавното претпријатие.

Заеднички констатиравме дека неопходно е организирано, систематско и континуирано ангажирање и на општината и јавното претпријатие заради подигање на квалитетот на комуналните услуги на уште повисоко ниво, соодветно на потребите на граѓаните на општина Дебрца.

Заедничка цел ќе биде постигнување на што подобри резултати во работењето, врз база на целосно искористување на капацитетите, максимално подигање на нивото на услугите, максимално искористување на вработените и опремата, а во исто време и максимално намалување на трошоците на работењето.

Преку навременото и квалитетно вршење на комуналните услуги да бидеме поблиску до граѓанинот, да имаме што е можно почиста општина, поубава и со зелени површини, доволно здрава вода за пиење, системи за одведување на отпадните води.

За крај сакам да му се заблагодарам на претходниот ВД директор Игор Крцоски – Манце за досегашната соработка и неговиот ангажман во ЈКП Дебрца. – потенцираше градоначалникот Ногачески по средбата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...

Македонските организации од Сиднеј донираа над 84.000 австралиски долари за жртвите од пожарите во Кочани.

Почитувани, Со гордост ве информираме дека денес Прилепското Друштво Методија Андонов- Ченто од Сиднеј официјално потпиша договор за соработка со организацијата Супорт Кочани и изврши...

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...