30.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаСпортСловенците шокирани од изјавата на капитенот: Пандев ја понижи Словенија!

Словенците шокирани од изјавата на капитенот: Пандев ја понижи Словенија!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Словенечка Екипа му се налути на Горан Пандев и го обвини нашиот капитен дека ја понижил Словенија со изјавата по натпреварот на арената „Тодор Проески” и триумфот на Македонија од 2-1.

<

Словенија синоќа загуби во Скопје и значително си ги намали шансите за пласман на Европското првенство. И наместо проблемите да си ги бараат во сопствените редови, популарните „змајчеки“ му се нафрлија на Горан Пандев.

Весникот Екипа го обвини нашиот капитен дека ја понижл Словенија со својата изјавата по крајот на мечот, која ја опишаа како шокантна.

„Словенија го има Јосип Иличиќ, кој е одличен фудбалер, но нема ништо повеќе. Останатиот дел од тимот не е ниту блиску до него, а премногу лесно размислувате дека сте селекција која треба да игра на Европско првенство. И пред почетокот на мечот кажав дека Словенија не е ништо посебно, и нашата победа го потврди тоа. Да, го имате и Облак, нема потреба да се зборува за неговиот квалитет, но добар голман не може сам да ве одведе никаде. Сега ќе навивам за Словенија да ја победи Австрија, но мислам дека само со Иличиќ тешко ќе можете да се носите со противникот. Нашата судбина е во рацете на Господ“ – е изјавата од Горан Пандев која крена голема прашина.

Капитенот на Македонија всушност им ја кажа вистината на Словенците, кои и самите се свесни за ситуацијата во нивната репрезентација. Тоа го потврдуваат и дел од коментарите на објавата на Екипа, навивачите признаваат дека Горан Пандев не погрешил многу со својата анализа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...