30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаСега не само Гоце - бугарите го бараат и Македонскиот Јазик -Заев...

Сега не само Гоце – бугарите го бараат и Македонскиот Јазик -Заев денеска ќе ги убедува македонските историчари да најдат решение со Бугарија –

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска ќе се сретне со македонските историчари од мешовитата комисија на експерти кој треба да најдат заеднички јазик со бугарската страна согласно договорот за добрососедство со Бугарија.

<

Последните состаноци на оваа комисија завршија без успех, без договор за тоа чиј бил Гоце Делчев. Наредниот состанок треба да се одржи до крајот на месецов.

„Бугарија има интерес од нашиот прогрес кон ЕУ. Овие денови ќе имам контакти со Бојко Борисов, нашите министри се во постојана комуникација. Бугарија ќе биде најгласниот поддржувач за отпочнување на преговорите со ЕУ. Јасна ми е дебатата и во Македонија и во Бугарија за нашиот револуционер. Во понеделник ќе имам состанок со комисијата. Да го отвориме патот за младите, за децата, за идните генерации“, изјави пред неколку дена Заев.

Тој укажа дека со досега постигнатиот договор на оваа комисија договорени се недоразбирањат за шест историски личности и четири поглавја и дека верува дека ќе се најдат решенија во склад со билатералниот дијалог со пријателска Бугарија.

Од Бугарија доаѓаат инфомации дека нивната поддршка за македонската евроинтеграција нема да биде безусловна.

Драги Ѓоргиев, првиот човек на македонскиот тим експертите во мешовитата македонско-бугарска комисија изјави дека средбите продолжуваат без разлика што ќе се случува на политичко поле со Бугарија. Тој изјави дека на дневен ред за наредниот состанок на мешовитата комисија остана прашањето за заедничкото чествување на Гоце Делчев и проблемите околу македонскиот јазик кои неодамна произлегле.

„Реков дека нема да има жртви ниту на едната, ниту на другата страва, а доколку условно кажано има жртви историски на едната или на другата страна, тогаш не е постигнат договор. Мора да бидат двете страни еднакво задоволни од тоа што ќе се постигне“, изјави Ѓоргиев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...