10.2 C
Ohrid
среда, април 23, 2025
ПочетнаМакедонијаКривични од УЈП: Боки 13 не ги примил записниците, даночни должници и...

Кривични од УЈП: Боки 13 не ги примил записниците, даночни должници и БМЈ и Томато

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Управата за јавни приходи ќе поднесе кривични пријави против Бојан Јовановски – Боки 13, како претседател на Меѓународниот сојуз, против татко му Миле Јовановски, кој е управител на БМЈ, фирмата основач на 1ТВ, Јасна Мандиќ која е управител на 1ТВ и управителот на Томато продукција. Ќе се поднесат пријави и против правните лица, а УЈП ги товари за неплатен данок од над 20 милиони денари. Од управата објавија некои детали за основите по кои е пресметан, а не е платен данок. Во истрагата се сите четири правни лица, а Томато продукцијата се јавува за прв пат во случајот.

<

Боки 13 дал оставка – не ги примил записниците од УЈП во Шутка

Кога станува збор за Меѓународниот сојуз од УЈП велат дека не е платен данок на добивка за ваучери за изградба на социјални станови за загрозени лица за кои има фактура од друг даночен обврзник. Тие ваучери за Меѓународниот сојуз се приход, односно лично примање затоа што двете фирми „Дрим Билдинг“ и „Пелистер“ ги платиле преку Македонска авторска агенција кон две физички лица Јасна Мандиќ и Лилјана Тодоровска, но со овие лица компаниите кои исплатуваат немале договор. Парите нелегнале на сметка на Меѓународен сојуз, а нема ни нотарски договори со лицата, а од УЈП велат дека ова е свесно заобиколување на приходите, за да се потрошат парите ненеменски. Вчера УЈП сакала да му ги предаде записниците на Јовановски во Шутка но тој одбил да ги земе затоа што веќе дал оставка на функцијата претседател на Меѓународен сојуз.

Џипот од мајка му

Во 1ТВ се трошеле пари односно се издавале фактури за ноќевања во хотели и за скапи одмори на лица кои не се вработени во телевизијата. На Јасна Мандиќ и бил исплатен аванс за дивиденда во милионска сума и покрај тоа што не е основач на компанијата. Во меѓувреме додека е во притвор на Бојан Јовановски му бил префактуриран мебелот од телевизијата. Џипот кој се возел во телевизијата е подарок од мајката на Бојан Јовановски.

Позајмица за татко му

Во контролата на БМЈ чиј управител е Миле Јовановски е утврдено дека не се евидентирани приходи од концертите на Марија Шерифовиќ и Северина, а биле издадени повеќе карти отколку што биле евидентирани во БМЈ. Приходот не бил искажан и не бил пресметан ДДВ, односно даночниот обврзник извршил промоции кои не се евидентирани во книговодство. Инаку и БМЈ дала позајмица на управителот Јовановски која не е евидентирана.

Томато во истрага

За Томато продукција е најголемиот наод од вкупниот за четирите фирми. Според информациите од УЈП, Томато во својата евиденција има градежен објект кој се градел во 2008 и 2009 година, а на земјиште кое во сопственост на сопругата на сопственикот. Објектот по изградбата бил префлен на име на сопругата на сопственикот и покрај тоа што го изградил Томато, а таа пак без да даде фактура го отстапува на Томато без надомест. Во тој објект е сместена телевизијата и за неа БМЈ плаќала кирија од 4.000евра месечно.

УЈП објави и дека има лице кое сака да е нов сопственик на телевизијата.

А.Т. ЗА ФАКТОР

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот на Струмица: Велигденски на мотор со мајка ми.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов објави фотографија на која се пофали дека велигденски возеле мотор со мајка му. Двајцата облечени во мото облека се гледа...

И покрај гаранцијата од 2 милиона евра- Судот одби да го ослободи Асмир Јахоски.

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на А.Ј., осомничен за перење пари...

Со кауција од 2 милиони евра, Асмир Јахоски излегува од притвор.

Со кауција од 2 милиони евра, Асмир Јахоски излегува од притвор. Покрај ова за сопственикот на Пуцко Петрол и син на пратеник на...

Кумановка вработена во спортска обложувалница украла 32 илјади денари

МВР денеска соопшти дека на 13 октомври 2024, додека била на работното место во спортска обложувалница во Куманово, пријавената М.П од дневниот пазар одзела...