11.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаОсмани: Како што јас го штитам македонскиот јазик, така македонските политичари да...

Османи: Како што јас го штитам македонскиот јазик, така македонските политичари да го штитат албанскиот

spot_imgspot_img

Јас не сметам дека ова треба да биде албанска етничка агенда, треба сите политички партии да седнеме и да ги разгледаме овие прашања. Не сум наишол на отпор од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ за промената на „20 проценти“, тогаш зошто ова да се претвори во трка или анимозитет помеѓу политичките партии на македонскиот блок, нагласи министерот за надворешни работи Бујар Османи, осврнувајќи се на барањето на албанскиот блок да се избрише „ јазик што го зборуваат над 20 проценти“ и да стои само албански јазик, од Уставот.

Тој, на прес-конференцијата во Скопје по средбата со потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Казахстан, Мухтар Тлеуберди, одговарајќи на новинарско прашање во врска со барањето на албанскиот блок, потенцираше дека колку што имаат интерес албанските партии, толку имаат и македонските политички партии од промената на овој начин на формулирање на „20 проценти“ бидејќи, како што оцени Османи, ова довело до демографската трка во минатото.

Како што јас го штитам и го бранам македонскиот јазик, политичарите од македонскиот блок треба да го бранат албанскиот јазик во Уставот, истакна министерот за надворешни работи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...

„Народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа“, рече...

„Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни,...

Уапсен скопјанец кој со ловечка пушка им се заканувал на жители на Богомила

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, уапсија 36 годишен скопјанец кој со ловечка пушка им се закнувал на жители од село Богомила. На 03.05.2024 во...