17.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаНе земав мито му наплаќав приватно: Заменик-министерот за здравство си поднесе оставка....

Не земав мито му наплаќав приватно: Заменик-министерот за здравство си поднесе оставка. (ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, соопшти дека поднесува оставка од функцијата, откако албанската телевизија „Топ Ченел“ објави видео како зема мито за хируршка интервенција. Снимката е направена во Струга каде Муса работи како доктор. Според разговорот во видеото, за операција за која вели дека ќе чини илјада евра, Муса однапред зема 50 евра. Заменик-министерот денеска се правдаше дека го информирал пациентот за можниот износ на операцијата, која за странски државјанин, кој не е осигурано лице во земјава, се наплаќа приватно.

<

„Во својство на заменик–министер за здравство имав посебна чест да им служам на граѓаните на Република Северна Македонија. Оваа работа ја вршев со голема посветеност и апсолутна чесност. Оваа кредибилност, изградена со години, нема да дозволам да биде ризикувана од политичка пропаганда и убеден сум во моите етички и професионални вредности. Ве известувам дека донесов одлука да се повлечам од функцијата и да ја расчистам оваа импонирана дамка од стапица против мене лично и мојата професија. Јас ќе продолжам и понатаму да им служам на граѓаните од мојата земја и пошироко и тоа ќе го направам со иста искреност, скромност и посветеност“,

кажа Муса.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...