13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаМистериозен инвеститор од Холандија преку пензионер од Скопје сака да ја купи...

Мистериозен инвеститор од Холандија преку пензионер од Скопје сака да ја купи телевизијата на Боки 13

Пензионерот Богдан Дамјановски е заинтересиран за 1 тв. Има 77 години и живее во населбата Кисела Вода. Телма контактираше со него за да го праша зошто еден пензиниран градежник сака да влезе во медиумскиот бизнис. Не беше расположен да се снима, но вели дека тој е само посредник не и иден сопственик. Газда на телевизијата поврзана со Боки 13 сакал да биде извесен србин кој долго време живеел во Холандија.

Името не можам да ви го откријам додека не се официјализира. Подготвен е да вложи во телевизијата околу 2 милиони евра. И тој е пензионер кој долго време работел во Холандија и сега сака да се врати на овие простори, а заработените пари ќе ги инвестира во 1 ТВ за тоа што за кусо време постигна голем степен на гледаност, рече Богдан Дамјановски – пензионер посредник за 1ТВ.
На инвеститорот не му пречела аферата поврзана со Бојан Јовановски тврди Дамјановски. Ги негира тврдењата на ујп за 1 тв дека е голем должник на државата. Од 14 септември во телевизијата влегле проценители кои според Дамјановски утврдиле дака има опрема вредна 158 илјади евра. негира дека целата тв опрема била на томато а 1тв ја изнајмувала за 800 евра како што тоа го тврдеше вчера УЈП. Според Дамјановски 1 ТВ имала само две неисплатени плати за 7 и 8 месец за 46 темина вработени, и демантира дека се затајувал данок за картите за концертите на северина и марија шерифовиќ. Сега стравува дека мистериозниот инвеститор ќе се откаже после негативната кампања која се води преку медиумите.

Во моментов имаме потпишано само интерен договор за превземање. За ова беа запознаени и Бојан Јовановски и неговиот татко Миле уште од поодамна. Овој човек доаѓа во понеделник и ќе се увери во нашите анализи, а не во она што го тврди УЈП. Ако продолжи оваа негативна кампања ќе се разубеди, рече Богдан Дамјановски – пензионер посредник за 1ТВ.
Инаку вчера УЈП излезе со информација дека има заинтересиран човек да стане газда на 1 ТВ. Сега пензионерот дамјановски тврди дека тој е финансиски консултант кој ова го прави само за профитот од посредувањето. Тој веќе има вакво искуство со продажбата на фас 11 октомви во 2003 тата кога посредувал за извесни инвеститори од саудиска арабија. Тврди дека тогаш политиката му ги избркала клиентите. До сега немал искуство во медиумскиот бизнис ама во 1тв видел добра инвестиција која ја понудил на србинот од Холандија. По негово барање пред еден месец програмата на 1тв повторно била пуштена во етер.

Билјана Николовска

телма

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...