15.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев пак оптимист - Пописот се одлага заради економскиот бум кој допрва...

Заев пак оптимист – Пописот се одлага заради економскиот бум кој допрва ќе следи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Зоран Заев и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски следната недела ќе одржат средба на која ќе разговараат за новиот датум за спроведување на Пописот на населението, што треба да се одржи во април догодина, но ќе биде пролонгиран поради предвремените парламентарни избори.

<

Заев одговарајќи на новинарски прашања по Конференцијата на Светската царинска органзиација, истакна дека Пописот треба да биде спроведен во 2020 година.

„Следната недела ќе одам на состанок со директорот на Државниот завод за статистика за да ги утврдиме соодветните трермини. Пописот не треба да го одложиме, сите се согласивме на лидерската средба, односно само го споменавме, немаше дебата. Првичните планови беа меѓу 1 и 30 април, секако тој може да се спроведе во мај, може и есента 2020 година, но да не прејудицираме што било да разговарам со директорот, но  не треба да се откажуваме од псроведување попис во 2020 година“, истакна премиерот.

Пописот на населението беше најавен за април 2020 година, но поради договорот од лидерската средба за предвремени избори на 12 април оваа операција не може да се одржи во првично предвидениот датум. Премиерот Зоран Заев очекува годинава да биде економска. Неговите очекувања се дека растот ќе биде најмалку според проекцијата, а оптимист е дека ќе достигне и над четири отсто.

„Верувам дека оваа година ќе заврши како навистина економска година и дека и наредната година ќе продолжи да биде економска година заради тоа што 2020 и така е изборна година и во 20 дена треба да се случи таа кампања и изборите. Во консултации со коморите, со кои можев да исконтактирам, ако бираат од 12-те месеци во годината, април е најсоодветен месец за избори во изборна година. Очекувам дека растот оваа година ќе го постигнеме најмалку оној што го имаме проектирано и оптимист сум дека може и над четири отсто согласно трендовите во моментов. Следната година проектиравме да растеме од она што го постигнавме досега и секако ако остане мотивацијата на вистинскиот пат, на правиот пат на ЕУ, ако се случи НАТО во првите месеци од годината, верувам дека таквиот тренд ќе продолжи да се движи“, изјави премиерот одговорајќи на новинарски прашања пред Конференцијата на Светската царинска организација во Скопје.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...