12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаМицотакис: Договорот од Преспа е лош, но сега треба да ги заштитиме...

Мицотакис: Договорот од Преспа е лош, но сега треба да ги заштитиме македонските производи и да вршиме постојан надзор на соседот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан, не само затоа што тоа ја претвора перспективата во фактор на стабилност за регионот, алатка за модернизација на соседите, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Солун за време на неговиот говор на официјалната вечера на Меѓународниот симпозиум, а го повтори и ставот дека Договорот од Преспа е негативен за Грција, jави дописничката на МИА.

<

„Многу пати, од овде, од Солун имам кажано дека ние сме земја која одново ќе стане протагонист во нашето соседство, на Балканот. Токму затоа очекуваме државите од Западен Балкан да одговорат правилно на обврските на нивната европска перспектива. Да не заборавиме дека тој пат беше отворен овде, во Солун, во 2003 година. Оваа наша позиција ја повторив и истакнав и на последниот Самит на Европската Унија. Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Не само затоа што тоа ја претвора перспективата во фактор на стабилност за регионот, туку и затоа што е демократска алатка за притисок за неопходната модернизација на нашите соседи. И за решавање нашите билатерални разлики“, рече грчкиот премиер.

Мицотакис во говорот во Солун се осврна посебно и на двете земји кандидати за членство во Европската Унија. Во однос на Северна Македонија се задржа на Договорот од Преспа, повторувајќи го неговиот став дека се против, но и дека нема да ја изложи земјата на перипетии.

„Сè уште верувам дека Договорот од Преспа е негативен договор за нашата земја. Гласав против, но чесно предупредувајќи ги Грците што произлегува од потпишувањето. Но, јас нема да го навредам нашиот државен грб, иако другите го ставија нивниот потпис под него. Ниту ќе изложам земјата на перипетии. Без да ризикуваме најмала дестабилизација, внимателно ќе следиме како нашите соседи одговараат на нивните обврски. И, се разбира, во решавањето на нерешените прашања, на прво место заштитата на македонските производи“, рече Мицотакис и објасни дека за конкретното прашање, за производите детално разговарал на состанокот со префектот, градоначалникот на Солун и со производителите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...