19.4 C
Ohrid
понеделник, септември 9, 2024
ПочетнаМакедонијаПридавката "Северна" престанува да важи за домашна употреба- според договорот од Преспа-"

Придавката “Северна” престанува да важи за домашна употреба- според договорот од Преспа-“

По недобивањето датум за преговори со ЕУ, дел од Преспанскиот договор веќе не важи. Според член 1 став 10 од овој Договор, во случај на непочнување преговори за кое било од поглавјата за членство во ЕУ, употребата на новото име за внатрешна употреба треба да се стопира.

Издавањето документи и материјали за внатрешна употреба „ќе почне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш“, пишува во Договорот.

Грчкиот весник „Катимерини“ во авторски коментар оценува дека со блокадата за стартот на преговорите со Македонија за членство во Европска Унија е загрозен аспектот „ерга омнес“ на Преспанскиот договор во однос на употребата на името на „северниот сосед“.

„Одредбата вклучена во Договорот од Преспа дека името на Северна Македонија ќе биде ерга омнес – имено, да се користи како на домашен план, така и меѓународно – би можела да биде поткопана ако кандидатурата за пристапување на соседната земја во Европската Унија е одложена на неодредено време“, според правните експерти.

Практично гледано, договорот предвидува дека, во отсуство на преговори за пристапување, Владата во Скопје нема да има обврска да го користи своето ново име Северна Македонија – договорено со Договорот од Преспа – внатрешно.

Затоа, промената на името дома е поврзана со започнувањето на преговорите за пристапување на земјата во ЕУ, кои минатата недела Европскиот совет ги одложи поради забелешките од Франција, Данска и Холандија.

Накратко, Скопје сè уште е обврзано да се нарекува Северна Македонија во странство, без притоа да направи никакви промени внатрешно“, пишува весникот.

На проблемот пред неколку дена прв укажа поранешниот вицепремиер и уставен експерт Евангелос Венизелос, кој рече дека членот 1, став 10 од Договорот предвидува преодниот рок за употреба на сложеното име (Северна Македонија) во внатрешните документи издадени од земјата да зависи од почнувањето на преговорите за пристапување.

Затоа, рече тој, непочнувањето преговори за пристапување подразбира одложување на вистинската внатрешна употреба на сложеното име’. „Тоа е одложување на употребата на името ерга омнес“, рече Венизелос.

„Со оглед на тоа што најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се спротивстави на Договорот од Преспа, тој ќе биде доминантно прашање на предвремените избори во април на кои повика премиерот Зоран Заев“, пишува „Катимерини“.

 

Член 1, став 10 од Договорот од Преспа

10. Што се однесува на валидноста на веќе постојните документи и материјали издадени од органите на Втората страна, страните се согласија дека ќе има два транзициски периоди, еден „технички“ и еден „политички“:

а) „техничкиот“ транзициски период ќе се однесува на сите официјални документи и материјали од јавната администрација на Втората страна за меѓународна употреба и на оние за внатрешна употреба што може да се употребуваат и надвор од државата. Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува во согласност со името и термините наведени во членот 1 (3) од овој Договор, најдоцна во рок од пет години по стапувањето на договорот во сила.

б) „политичкиот“ транзициски период ќе се однесува на сите документи и материјали исклучиво за внатрешна употреба на Втората страна. Издавањето на ваквите документи и материјали што се опфатени со оваа категорија во согласност со Членот 1 (3) ќе почне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј направен во Охрид.

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј!!! По повод денот на независноста на Македонија, друштвото за истражување и развој Сефиданис, во клубот Ребел во Охрид...

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...