14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСакале да се збогатат на мало и болно девојче: Дарко Јефремов ја...

Сакале да се збогатат на мало и болно девојче: Дарко Јефремов ја откри вистината зад инстаграм-измамата за хуманитарни цели

Пред неколку дена на Инстаграм се појави профил со име @so.srce.za.simona кој вели дека е наменет да помогне во собирањето на средства за малата Симона од Штип на која и е диагностицирана леукемија и потребни се парични средства за да се лекува во странство. Во објаснувањето на профилот имаше напишано “Колку повеќе следбеници ќе добие профилот толку поскап ќе биде и полесно да се продаде и сите пари ќе бидат донирани“.

За кратко време профилот го доби вниманието на Инстаграм корисниците во државава и беше споделен од речиси сите инстаграмџии, инфлуенсери, пеачи, водители…

Инстаграм се крена на нозе и профилот за само неколку дена собра речиси 100 илјади следбеници. И ова ќе беше одлична позитивна приказна за како луѓето се сплотија за заедничка хумана цел, да помогнат на едно 4 годишно девојче, но за жал излезе дека се работи за измама. Излезе дека профилот е направен не со намера да се помогне на девојчето, туку за лична добивка (голем број следбеници или парична заработка).

Инстаграмџијата @darkovlogs објави видео на неговиот IGTV во кое објаснува дека стапил во контакт со профилот и со компанија која сакала да го купи профилот за 3.000 евра. Компанијата сакала да ги донира парите дирекно на семејството на девојчето, но профилот ја одбил оваа понуда барајќи парите да се испратат прво на сметка на профилот, па потоа сопственикот на профилот да ги испрати кај семеството. Во неговото видео Дарко ги споделува со јавноста информациите кои ги дознал од разговори со луѓе кои го познаваат сопственикот на профилот и таткото на Симона.

Профилот во моментов е деактивиран.

По овој профил излегоа и неколку нови профили кои ја имаат истата цел.

Инфлуенсерите апелираат граѓаните кои сакаат да помогнат, да не подпаѓаат на вакви измами. Кој сака да помогне може да го направи тоа со донација на официјалниот број отворен за донации за корисниите на А1 мрежата 143 460 или на трансакциска сметка

Примач
Симона Хаџи Тошев
Транс- за донации 270-7000448932.95
Халкабанк АД Скопје

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...