16.6 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаМладо момче од Мaкедонија без дланки , го трогна жирито на германски...

Младо момче од Мaкедонија без дланки , го трогна жирито на германски „Суперталент“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јозафат Раман, 17-годишен пијанист од Македонија без шаки и стапала, со својата
изведба на саундтракот за филмот „Реквием за сон“ го трогна жирито на
германското телевизиско шоу „Суперталент“ на РТЛ.
Сара Ломбарди низ солзи го проследи неговиот настап, а Дитер Болен вчудовиден
молчеше со фиксиран поглед врз кандидатот од Келн додека со неразвиените шаки
ги допираше клавишите на пијаното.
Раман, кој е роден и пораснал во Македонија, а веќе пет години живее во Германија,
се родил без шаки и стапала.
„Тоа е генетски дефект“, му објасни тој на жирито. „Немам целосни раце или прсти, а
исто така носам и протези на долниот дел од двете нозе“.
„Секогаш го правев тоа што го сакав. Сакам да покажам дека можете да направите
сè и покрај вашиот хендикеп. Сето тоа е прашање на волја. Треба само да вложите
многу работа и енергија“, додаде тој, откривајќи дека четири години свири пијано.
„Видов видео на Јутјуб и помислив: Би сакал да го сторам истото“, изјави момчето
со физички недостатоци, но со талент за музика.
Членката на жирито Ломбарди настапот на Раман ја потсети на тешкото време
поминато со синот Алесио, роден со срцева мана.
„Тој навистина крајно ме трогна, ме преплавија емоции“, рече таа, додавајќи дека
„луѓето родени на овој начин се вистински борци во животот“.
„Не мислев дека ќе биде можно со овие раце“, призна нејзиниот колега од жирито
Болен. „Ми покажа дека ако сакате да постигнете нешто, можете да го сторите тоа“.
Раман доби „зелено светло“ од сите три члена на жирито. Тој тукушто ги положи
завршните испити за десетто одделение и сега сака да заврши средно училиште, а
потоа да учи за наставник по музика. Како што вели, музиката е неговиот голем сон
во животот.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...