8.8 C
Ohrid
вторник, ноември 5, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Европа ме молеше да не давам оставка, одиме на уште една...

Заев: Европа ме молеше да не давам оставка, одиме на уште една победа !!

Сонот за членство во ЕУ не е срушен. Другата опција се национализмот, радикализмот, неизвесноста и враќање назад во проблематичното и мрачно време во кое никој не сака да се врати, истакнува премиерот Зоран Заев  во интервју за саботното издание на белградскиот дневен весник „Политика“.

– Северна Македонија е на добар пат да стане 30-та полноправна членка на НАТО. Од друга страна, одлуката за одредување датум за преговори со ЕУ беше одложена. Иако 27-те земји-членки на ЕУ јасно и гласно го поддржаа почетокот на преговорите на нашата земја со ЕУ, една земја инсистира најпрво на внатрешни реформи во ЕУ. Ја поддржуваме иницијативата на францускиот претседател Емануел Макрон, но убедени сме дека Северна Македонија не би направила никаква штета ако и се даде шанса да започне преговори, туку напротив – тоа би било добра мотивација да се продолжи со внатрешни реформи, а во исто време со почитување на европските вредности, да придонесеме во реформските процеси во рамките на самата ЕУ, оценува Заев.

Толкувајќи ја одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон, која го успорила патот на Северна Македонија во ЕУ, премиерот Заев вели дека Франција во минатото, а и сега има помогнато во демократските реформи.

– Во потегот на францускиот претседател, јас гледам намера да се спроведат реформите во ЕУ, како и за ефикасни преговарачки процеси на земјите што ги отворија преговорите со ЕУ. Она што е важно во моментот е да се разбере дека отварањето на преговори со земја-кандидат која целосно го заврши својот дел од работата, како што е Северна Македонија, може да биде од помош на тој процесот. Зошто? Затоа што покажавме дека преку искрени пријателства, со ефикасна дипломатија, политика на дијалог и консензус, со соседите и дома, ги браниме и создаваме европските вредности. Од друга страна, ако се отфрли принципот на заслуга, што може тоа да донесе? Дали напредокот ќе остане силна мотивација? Како тоа ќе влијае на другите отворени регионални прашања од кои директно зависи политичката и безбедносната состојба? Европската перспектива на Скопје и на балканските земји нема алтернатива, изјави Заев.

На прашањето на „Политика“ зошто наместо оставка се распишани вонредни парламентарни избори, кога дури и Макрон има изјавено дека се испонети сите барани услови, премиерот Заев изјави дека смета да е коректно да го врати мандатот на народот, за да добие нова чиста подршка за патот во иднина.

– Поддршката што ја добиваме од ЕУ е недвосмислена за отворање преговори. Таа поддршка доаѓа од целото раководство на Европската комисија, Европскиот парламент, од 27 земји-членки на ЕУ. Ни Франција не е против нас. Францускиот Сенат го усвои, во првата фаза, предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на РСМ во НАТО. Ова е силен ветер во грбот за да излезам пред граѓаните и да побарам од нив нов мандат, за мојата партија и јас да продолжиме да ја водиме земјата напред, кон НАТО, кон ЕУ, кон економски развиена, стабилна и безбедна држава, затоа што другата опција е национализам, радикализам, неизвесност, враќање назад во проблематичното и мрачно време, во кое никој не сака да се врати. Во сегашните околности, како чесен, совесен и одговорен политичар, решив дека е исправно да го вратам мандатот на народот и да ги замолам граѓаните за нова, чиста поддршка за да останеме и да продолжиме на патот што го одиме. Тоа е вистинскиот пат, тоа е патот кон НАТО, кон нови инвестиции и перспективи, со нови работни места и повисоки плати, патот кон едно општество за сите, кон мир, стабилност и безбедност – европскиот пат. Македонците отсекогаш покажале мудрост во специфични моменти и околности за земјата и јас сум убеден дека ќе го изберат патот на напредокот, нагласува Заев.

На забелешката дека во областа на владеењето на правото нема постигнато завидни резултати, дека го прогонувааат афери, од бегството на поранешниот премиер Груевски, до „Рекет“ и недонесувањето на законот за јавното обвинителството, премерот Заев изјави дека нема намера да се меша во судството.

– Фактот дека е завршена за истрагата за случајот „Рекет“ во рок од три месеци и поднесен е обвинителски акт, говори дека има напредок во функционирањето на правосудскиот систем. Зошто нема такви ефективни постапки за кривични и корупциски случаи поврзани со претходната владејачка гарнитура, може да одговорат правосудските власти. Она што јас можам да го направам е да испратам апел за ефикасност и тоа е она што го правам. Немаме намера да се мешаме во судството. Ако тоа го направиме, со што би се разликувале од претходниот режим? Го спомнавте бегството на претходниот премиер. За време на бегството, тој беше слободен човек, немаше судска одлука да се следи. Обвинителството не го пронајде виновникот кој помогна во неговото бегство, вели Заев.

Во врска со договорот за т.н мал Шенген, потпишан во Нови Сад со Србија и Албанија, тој оцени дека зајакнување на соработката во регионот придонесува за подобар живот на граѓаните на Северна Македонија.

– Добрососедските односи беа предуслов за напредок во европските интеграции, но тие, пред сè, се потреба за граѓаните и регионот. Договорите со Грција и Бугарија донесоа само придобивки: трговијата се зголеми, развиваме економија во регионот. Покрај тоа што денес се меѓу најгласните приврзаници на европските перспективи, тие се наши вистински пријатели. Ќе продолжиме да ги негуваме придобивките од договорот со Грција и Бугарија, пред сè и најважно, затоа што тие се добри за нашите граѓани и за нашите земји. Точно е дека на средбата во Нови Сад со претседателот Александар Вучиќ и премиерот Еди Рама е донесена Декларацијата за слободно движење на капитал, производ, услуги и луѓе, со што се олеснува вработувањето, како и преминувањето на границите со лична карта. Ова е навистина вредно за нашите граѓани и затоа сме отворени за другите земји од регионот (БиХ, Црна Гора и Косово) за ваков вид соработка. Исто така, очекуваме ова да влијае и за повеќе странски инвеститори. Зајакнувањето на односите во регионот придонесува за подобар живот на граѓаните на нашата земја. Регионалната соработка е потреба и ние ќе ја развиваме во духот на нашата заедничка стратешка цел – европска интеграција. Европската интеграција нема алтернатива и нашето место е во ЕУ. Можеби сега сум умерен оптимист, но сепак сум оптимист. Сонот за членство во ЕУ не е срушен, вели премиерот Зоран Заев во интервју за белградска „Политика“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доцна вечерва ново убиство во Штип.

Во атарот на штипското село Пиперово пронајдено е безживотно тело на млад маж. Според првичните информации пронајден е со прострелна рана. Што се случило на...

Највисока награда за Прилепското друштво од Сиднеј – доделена од град Прилеп

По повод 80 години од Денот на ослободувањето на Прилеп, на Свечена седница на Советот на општината Прилеп, синоќа беа доделени традиционалните Трето-ноемвриски награди...

Охридските стрелци повторно се искачија на пиедесталот на меѓународниот турнир во Благоевград.

Како по традиција охридските стрелци бележат високи пласмани и освојуваат медали на Меѓународниот турнир во Благоевград во гаѓање со воздушно оружје. На турнирот учествуваа повеќе...

Вработени во МВР им продавале тајни податоци на криминалци

МВР поднесе кривична пријава против Д.Г.(58), Е.А.(58) и О.П.(44), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „оддавање...