10.7 C
Ohrid
сабота, мај 10, 2025
ПочетнаМакедонијаВистинска приказна за Александар, првиот скокач со падобран во Македонија

Вистинска приказна за Александар, првиот скокач со падобран во Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Александар Трајковиќ е првиот скокач со падобран на територијата на денешна Македонија и се вбројува меѓу 15-те скокови што биле направени во некогашното Кралство на СХС. Ова е мошне значајно, бидејќи од тие простори иако имало истражувања, сепак нема податоци за точниот датум кога и каде го направил првиот падобрански скок и од која височина. Чачкиров за читателите на Вечер, раскажува како дошол на идеја да влезе во ваква, временски голема истражувачка активност која е собрана во книгата „Сините хоризонти на таткото и синот Трајковиќ“, а ќе биде промовирана утре во Скопје. Станува збор за прва комплексна книга од ваков вид, која од друга страна, претставува своевиден воздухопловен учебник, кој обелоденува, досега, необјавени документи и фотографии.

<

Александар првиот скокач со падобран во Македонија

Александар Трајковиќ бил роден во едно село близу Прешево. Првата работа му била работник во работилница, но не му се допаѓала работата и сакал да биде нешто повисоко и позначајно во животот. Набрзо следно работно место му било на територијата на Скопје, врзано со авијацијата како граѓанско лице вработено во авијацијата. Подоцна бил вработен како поднаредник – извидувач во авијацијата, значи не бил тотален лаик. Врз основа на таквото свое искуство бил решен на аеромитинг во Скопје да скокне со падобран. За датумот кога тоа се случило, пишува во книгата.

– Со него, со падобран скокнало и едно граѓанско лице кое немало контакт со авијација, но на повик на организаторите на аеромитингот се пријавило дека ќе скока. Сепак, јас не успеав да дознаам кои му се потомците на тоа лице – вели Чачкиров.

Во 1941 година, кога земјата била нападната од фашистичките сили, направен е масакр на авионите кои биле паркирани на аеродромот кај Режановска Коса, тоа е сегашниот спортски аеродром „Аџи тепе“ во Куманово. Тогашната бугарска војска нападнала од кај Куманово, па потоа извршиле напад на Петровец, Штип и Струмица и сè било уништено на тие аеродроми.

– По овој напад кога биле уништени сите авиони на тогашниот трет армиски полк на Кралството Југославија, целокупниот воздухопловен кадар кој останал жив, бил прибран во Битола од страна на сојузниците. Британците ги извлекувале накај Солун и потоа преку Атина се стигнати во Каиро, Египет. Таму, во Каиро, извршувале воздухопловни активности во интерес на Британците со ветување дека во соодветен момент кога ќе бидат обезбедени летачки средства ќе се вратат на фронтот овде – раскажува авторот на книгата.

Пред крајот на војната еден дел од воздухопловниот кадар постепено биле враќани назад, значајно било тоа што требале да се изјаснат дека не биле за одбрана на кралот и второ да бидат проверени за да можат со ист чин да продолжат да работат како и порано.

– Има документи кои потврдуваат дека луѓето биле малтретирани, испрашувани, притворани од тогашните власти задолжени за безбедноста. Дали и колку соработувале со непријателот, зошто соработувале со Британците и слични работи. Морале да поминат низ сито и решето, некој полесно, други потешко докажувале дека не биле поддржувачи на тогашниот кралски режим и дека се определиле за НОБ. Тоа се проткајува низ книгата – вели Чачкиров.

Александар Трајковиќ полесно ги поминал испрашувањата и набрзо се враќа на своето работно место. И во 1946 година добил книшка за влез во аеродром и таму ги дочекува своите пензионерски денови, живеејќи во Маџир Маало.

извор:вечер

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Час за паметење: 60 години од матурата одбележаа денес матуранти на штипската гимназија

Час за паметење 60 години од матурата одбележаа денес матуранти на штипската гимназија 60 години од матурирањето денес одбележаа генерацијата 61/65 од гимназијата „Славчо Стојменски“...

Младо момче од Струмица – го споредуваат со легендарниот Сариевски

Ова момче е новиот Александар Сариевски Овие денови на социјалните мрежи се појави едно видео во кое се гледа како едно младо момче пее стара...

Приведен 36-годишниот битолчанец кој со нож се шетал и заканувал на друго лице на Широк Сокак

Денеска (09.05.2025) на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола, затоа што претходно, пред угостителски...

Стоја Ѓеоргиева – најдобра на Државниот тракторски натпревар за ученици во Струмица

Во Струмица денеска се одржа 53-от Државен тракторски натпревар за учениците од земјоделско-ветеринарната струка, чиј домаќин беше СОУУД „Димитар Влахов. Најдобра во дисциплината –...