6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаТЕКВОНДО КЛУБОТ „ХВАРИНГ“ ОД ЛЕСКОЕЦ, ПАТУВААТ НА СВЕТСКО ВО ПЛОВДИВ

ТЕКВОНДО КЛУБОТ „ХВАРИНГ“ ОД ЛЕСКОЕЦ, ПАТУВААТ НА СВЕТСКО ВО ПЛОВДИВ

spot_imgspot_img

Божидар Димитриевиќ и Давид Велковски, членови на Теквондо клубот „Хваринг“ од Лескоец го исполнија и последниот критетиум за учество на Светското Таеквондо ИТФ првенство кое ќе се одржи во Пловдив –Бугарија, деновиве од 24-30 август.

Двајцата јуниори кои се докажани натпреварувачи на бројни меѓународни натпревари, после 7 годишен труд се изборија за критериум за учество на Светско првенство, покрај бројните меѓународни медали освоени на бројни турнири,тие успешно положија и за црн појас И дан, кој беше последниот критетиум.
Имавме прилика да уживаме во текот на полагањето, при што двајцата се во врвна форма поради подготовките за Светсктот првенство, одлична демонстрација на целокупната техника, тест на снага(кршење штици), специјални техники(кршење штици во висина со атрактивни удари), самоодбрана , физичка спремност, форми(борба со замислен противник), спаринг(борби со опрема со полн контакт), теорија. Истотака двајцата ќе имаат уште еднаш испит пред светското првенство пред Гранд Мастер Ким Унг Чол црн појас ИЏ дан и пред другите Мастери од цел свет, ни изјавува Марјанчо Лазаревски црн поја В дан, претседател на Македонската ИТФ.

Истотака Лазаревски изјавува дека е 100 % сигурен во нивната спремност за повторниот испит, кој самиот вели дека цело лето место на плажа , нашите натпреварувачи летото го поминааа во спортската сала, припремајќи се за Светското првенство, посебно Божидар Димитиревиќ кој оди сезонски на работа, слободното време го користеше за тренинг.

leskoeec

Благодарение на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ” повторно имаме прилика да учествуваме на Светско првенство , и да дадеме се од себе да ја претставиме нашата држава во најубаво светло. Ова е прв натпревар од ваков калибар на двајцата наши натпреварувачи , а конкуренцијата кај двајцата е огромна.

les 1

Давид Велковски се натпреварува во форми јуниори за црн појас И дан и борби -69 кг. јуниори 16-17 години, додека Божидар Димитриевиќ се натпреварува во форми јуниори за црн појас И дан и борби +70 кг. јуниори 14-15 години, на двајцата ќе им требаат по 5-6 победи за медал , па се надеваме дека нема да ги совлада тремата и ќе дадат се од себе да не израдуваат со добар пласман.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...