12.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Домашната употреба на новото име ќе биде замрзната

Заев: Домашната употреба на новото име ќе биде замрзната

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонскиот премиер Зоран Заев предупреди дека одлуката да не се почнат преговори со земјава за пристапување во Европската Унија може да го доведе во опасност договорот од Преспа, бидејќи двата процеси се заемно поврзани.

<

Во интервју за грчкото издание на Јуроњуз во Скопје во понеделникот, Заев рече дека одредени фундаментални членови од Преспанскиот договор, потпишан со Грција во летото 2018 година, се поврзани со напредокот на пристапувањето на Македонија кон ЕУ.

„Одредени поглавја ќе бидат замрзнати затоа што не може да се спроведат, според моменталната ситуација не е можно да се оди напред. Ние ќе се обидеме да ги спроведеме, но сè е поврзано, бидејќи процесот на преговори значи пренесување на нашиот суверенитет во Европската Унија“, рекол Заев, нагласувајќи дека спорните поглавја главно се однесуваат на домашната употреба на новото име на земјата, пренесува Екатимерини.

Заев, кој распиша предвремени избори за април, откако кандидатурата за влез во ЕУ месецов беше блокирана, главно од Франција, рече дека приемот во блокот е единствениот пат напред за неговата земја и за другите нации од Западен Балкан, пренесува грчкиот весник.

„Ние немаме алтернатива. Нема други понуди што би можеле да послужат како алтернатива. Какви други понуди и да има, тие не ни даваат демократија, владеење на правото и слободи. Ако згасне светлината од ѕвездите на знамето на Европската Унија, ние тука ќе имаме мрак. И може да се загубиме во тој мрак“, рекол Заев.

„Ако на радикализацијата и на воскреснувањето на национализмот им се даде плодна почва, тоа ќе му нанесе голема штета на целиот Балкан. А кога Балканот има проблем, Европа има проблем“, додал премиерот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...