4.9 C
Ohrid
недела, декември 10, 2023
ПочетнаМакедонија(Видео) Амди Бајрам: Сега сум со СДСМ, а по изборите можно е...

(Видео) Амди Бајрам: Сега сум со СДСМ, а по изборите можно е да се вратам и во ВМРО

Претседателот на партијата Сојуз на Ромите, Амди Бајрам, на прес конференција пред новинарите рече дека останува во коалиција со СДСМ. Поради, како што рече, шпекулации во медиумите, дека ќе коалирал со ВМРО-ДПМНЕ, Бајрам изјави дека нема такво нешто и дека сè било лага.МАКЕДОНИЈА(Видео) Амди Бајрам: Сега сум со СДСМ, а по изборите – ќе видимеОбјавено пред 1 ден – 29 октомври, 2019Од Макфакс

Претседателот на партијата Сојуз на Ромите, Амди Бајрам, на прес конференција пред новинарите рече дека останува во коалиција со СДСМ. Поради, како што рече, шпекулации во медиумите, дека ќе коалирал со ВМРО-ДПМНЕ, Бајрам изјави дека нема такво нешто и дека сè било лага.

„Чиста лага, ни преговарам ни имам нешто со нив. Во коалиција сум со СДСМ и останувам со него и понатаму. Паролата на Сојузот на Ромите секогаш е дека сме со власта. ‘Титаник’ пропадна, па преминав на другиот брод“, рече Бајрам.

На прашањето дали ако на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ, ќе премине во коалиција со нив, тој порача: „За тоа – потоа, сега сум со СДСМ и му дадов поддршка на лидерот дека на избори одиме заедно. Останувам со СДСМ, било што било некогаш“, нагласи Бајрам.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Перо Антиќ активно учествува во предизборната кампања на Вучиќ

Перо Антиќ веќе некое време објавува фотографии и видеа на неговите профили од политичкиот ангажман Во Србија идната недела ќе се одржат избори, а во...

Истиот лек во Германија е 310, а во Македонија 970 денари!

Ова е лекот Ко Росвера од 20 мг и 10 мг. Го препишуваат главно кардиолозите, а служи за одржување на ниско ниво на холестеротот...

Бил Гејтс: Интернетот помогна „лудите“ луѓе да се најдат едни со други

Мултимилијардерот Бил Гејтс изјави дека првично мислел дека Интернетот ќе го направи светот позаснован на факти, дека ќе стане рационален, но дека подоцна сфатил...

Османи: Следната мисија на ДУИ е претседател на државата

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи денеска во изјава за медиумите рече дека следната мисија на ДУИ е претседател, бидејќи тоа е единствената функција која...