15.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаВечер : Компанија основана ТРИ НЕДЕЛИ ПРЕД ТЕНДЕРОТ ќе стопанисува со двата...

Вечер : Компанија основана ТРИ НЕДЕЛИ ПРЕД ТЕНДЕРОТ ќе стопанисува со двата хеликоптери за спасување

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Според пишувањата на весникот Вечер два хеликоптери ќе даваат услуги во итни потреби-здравствени услуги, во случај на пожари, планинарски несреќи и други потреби на поедници. Од Владата информираа дека хеликоптерите ќе бидат обезбедени преку јавно приватно партнерство, шест месеци по потпишување на договорот.

<

Компанијата САРХЕМС, која на Владата и става на располагања два хеликоптера за давање на итна медицинска помош и спасување на лица до тешко пристапни терени, е единствената компанија која се пријавила на владиниот оглас. Формирана е истиот месец кога Владата го распишала огласот за јавно приватно партнерство. Според јавните податоци САРХЕМС е основана на 5 август, а владиниот оглас, преку Генералниот секретаријат е објавен на 29 истиот месец. Во земјава нејзин сопственик и управител е запишан Саша Џаковиќ.

Според податоците од Централен регистар фирмата е основана со 5000 евра влог со дејност за “патнички воздухопловен транспорт“.

Нема детално објаснување од надлежните за принципот на кој ќе функционираат хеликоптерите, од каков тип се, каде ќе слетуваат, на кој принцип ќе биде тоа, како и други детали од договорот за Јавното приватно партнерство

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...