4.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаДијаспората не инвестира во Македонија затоа што не владеат правдата, редот и...

Дијаспората не инвестира во Македонија затоа што не владеат правдата, редот и законите-Вели Коцевски.

spot_imgspot_img

Преку пример ќе кажам како оди разговорот доколку некој нашинец сака да инвестира во Македонија. Доаѓа некој нашинец со некој од скапо платените советници на владата и вели сакам да инвестирам во енергетиката. Па чекај малку тука има лепеза на такви фирми отворено на блиски луѓе до влада, на пример синот на Ахмети отвори таква фирма каде ти, сопругата на премиерот отвори таква фирма, каде ти, кумот има фирма знаете ли од кога за фотоволтаици и за струја, па ние осум пати му даваме државна помош, каде најде баш таму да инвестираш. Каде најде баш таму да инвестираш, дај најди нешто друго. Добро нашинецов вели ќе инвестирам во компанија за производство на масло за медицинска употреба од канабис. Каде па тоа, меѓутоа може во тоа да инвестираш но ќе мора да отидеш во Муртино. Таму кај еден црпнат од нива се ќе ти каже. Беше премиер едно време тој се ќе ти каже, цела организација, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коцевски.

Тој кажа пример и за производството на масло од канабис и зошто дијаспората не инвестира во Македонија.

„Па ќе ти каже за Оливер Спасовски за најголемиот нарко дилер, за целата негова организација, па не може само две три фирми произведуваат масло се друго е фрлено на цвет и на извоз на тој цвет. Тука е Оливер Спасовски тој со началниците и командирите имало немало член од законот за извоз на цвет од марихуана, ќе ја истера работата дали на граница легално дали по некои козји патеки. Тоа е смешно е ама тоа е дијаспората не инвестира“, кажа Коцевски.

Коцевски додаде и дека на дијаспората ни на крај памет не и паѓа да дојде овде и да инвестира затоа што во дијаспората имаат влади каде што владеат правдата, редот, и законите.

„Дијаспората ни на крај памет не и паѓа да дојде овде и да инвестира затоа што во дијаспората имаат влади каде што владее правдата редот и законите е таква влада за кратко ќе формира ВМРО-ДПМНЕ каде ќе владее правдата редот и законите“, кажа Коцевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...