20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев пак се предомисли - Не се откажуваме од Преспанскиот договор, го...

Заев пак се предомисли – Не се откажуваме од Преспанскиот договор, го очекуваме тоа и од грчка страна

Дефинитвно одиме со имплеметација на Договорот од Преспа. Во него се вградени поглавјата. Успешно ги завршуваме забелешките кои стигнаа од грчка страна, а и сами ги увидовме. Очекуваме и грчката страна да направи конкретни чекори, како промена на таблите. Намерата е да испратиме недвосмислена порака дека Преспанскиот договор треба да се спроведе до крај зашто носи стратегиско партнерство, придобивки за нашата земја, нов пријател – нашиот јужен сосед и отвора многу перспективи, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата по повод реформите во здравството, Заев напомена дека природна и практична е потребата да го чуваме, негуваме и имплементираме Преспанскиот договор кој, како што нагласи, го заокружи нашето членство во НАТО и, иако добивме разочарување од ЕУ, е најсериозната гаранција за почеток на преговорите.

„Намерата беше токму на ЕУ да ѝ се испрати пораката, а не до грчкиот народ или политика, да водат грижа за поглавјата зашто треба час поскоро да ги отвориме. Променет е Уставот на државата, промената на името се применува секаде, стана наше секојдневие. Жалам што опозицијата не го користи. Со тоа испраќа многу сериозна порака, прво за непочитување на Уставот, а има амбиции и претендира за власт. Што ако стане власт? Веднаш провокации и две-три вета нови. Не дај Боже да помислиме на таква околност, истакна Заев.

Нарекувајќи го Преспанскиот договор „имотен лист“, премиерот потенцира дека тој ја гарантира нашата теритријална сувереност и интегритет, а тоа, повтори, не беше возможно без да се реши проблемот со името.

„Две третини од Договорот зборуваат за стратегиското партнерство, економијата, социјалната и здравствената заштита, одбраната, безбедноста, за многу перспективи кои треба да ги гледаме низ можностите што се отвораат за двете земји“, подвлече претседателот на Владата.

Заев дополни и дека не е изгубена надежта за отворање на поглавјата.

„Ако ѝ треба време на Европа, ќе го има. Си го даде. Ако треба лидерите да продискутираат, ќе продискутираат, ако треба и нови методологии ќе се вградат. Ние сме остров во ЕУ, сите околу нас се земји членки. Друга перспектива нема. Донесовме храбри одлуки, без разлика на политичките кариери. Ќе се интегрираме. НАТО е кончено заокружено, нема дилеми околу него. За жал, ЕУ е пролонгирана, но нема алтернатива и за неа. Тоа е јасно. Сето тоа го правевме за економски стандард, заклучи премиерот Заев.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...