4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаЗабаваСпиев со оженет маж, а потоа...

Спиев со оженет маж, а потоа…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мажот (32) го запознала во едно кафуле. На него сè ѝ се допаѓало, неговото однесување, неговите зелени очи… Веднаш ѝ се допаднал и ѝ бил многу шармантен. Веќе во првиот разговор ѝ кажал дека е во брак, а и следниот пат кога се сретнале (повторно во кафуле) многу ѝ зборувал за неговата сопруга.Наспроти тоа, сепак таа флертувала со него и наскоро си размениле телефонски броеви.„Кога му го дадов својот мобилен телефон, знаев дека набрзо ќе имаме сексуален однос“ – напишала. Прво договориле состанок, отишле во кино и се бакнале.Неколку денови подоцна се случило: 21-годишната девојка знаела дека тоа е погрешно, но сепак спиела со него во неговиот автомобил.„Тоа беше најдобриот сексуален однос во мојот живот“.Почнале да се гледаат речиси секој ден, секогаш тајно, а наскоро се појавиле и емоции.„Бев вљубена во маж кој морав да го кријам затоа што моите пријатели беа згрозени од тоа“.Во еден момент таа му рекла: „Те сакам“, а тој ѝ возвратил на истиот начин, но тоа го одрекол неколку денови подоцна. Таа патела – била заљубена во маж кој никогаш нема да биде со неа. Се чувствувала лошо, знаејќи дека тој е покрај друга жена и дека таа ќе му остане доколку ја прекине аферата со неа, а таа ќе остане сама.„Почнав да излегувам со други мажи. Му го премолчував тоа затоа што кажа дека ме сака само за себе“.Тој почнал да ги избегнува нејзините повици и некогаш одвреме-навреме се појавувал кај неа. Тоа било премногу за неа: „Го прекинав тоа“.Неколку години подоцна појасно гледала на работите. Тага, одбивање, лаги… Сето тоа било само лошо време за неа. Напишала: „Тоа не беше љубов, тоа што го имавме беше нешто од страст, празнина и тага. Дали тоа повторно би го направила? Во никој случај“.Таа ги предупредила и сите други девојки: „Немојте да паѓате во такво искушение – навистина не е вредно“

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...