25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаПотресни сведоштва -Што навистина се случи кај Ласкарци

Потресни сведоштва -Што навистина се случи кај Ласкарци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Трагедијата кај Ласкарци се случи за неколку секунди, почувствувавме свтрување во лево и веднаш возилото излета од автопатот.

<

Вака во судот сведочеа преживеаните патници од автобуската несреќа која се случи во февруари годинава. Дел од нив велат дека автобусот возел со поголема брзина бидејќи често претекнувал возила на автопатот.

Тврдат дека возачот цврсто го држел управувачот а во кобниот момент не разговарал на телефон..

По несреќата, возачот на автобусот седел во блиската нива, сведочеа патниците, бил исплашен и плачел. Открија дека неколку месеци пред несреќата, возачот имал сообраќајка во Скопје.

Според сведочењата на патниците, возилата на превозната компанија, често останувале дефект – не им се затворале вратите, а неретко биле без ладење и греење.

Велат дека се уште ги чувствуваат последиците од несреќата, дел од нив поради здравствени проблеми наместо да стојат, побараа да седат во клупата за сведоци.. Роднините на загинатите патници, низ солзи ги слушаа сведочењата на своите сограѓани..

За несреќата кај Ласкарци обвинети се шестмина – сопственикот на Дурмо Турс, возачот на автобусот и четворица вработени во компанијата.

Одговараат за сторени тешки дела против безбедноста во сообраќајот.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...