1.9 C
Ohrid
недела, јануари 26, 2025
ПочетнаМакедонијаСПЕЦИЈАЛЦИТЕ СЕ ПОДНОВИЈА СО НОВИ ВОЗИЛА ''ФИАТ ДУКАТО''

СПЕЦИЈАЛЦИТЕ СЕ ПОДНОВИЈА СО НОВИ ВОЗИЛА ”ФИАТ ДУКАТО”

spot_img

Десет нови возила „фиат дукато“ наменети за брза интервенција при справување со нарушен јавен ред и мир од поголем обем, но и за извршување на други полициски задачи кои се наменети за специјалните единици при МВР, беа презентирани денеска во Полицискиот центар Ѓорче Петров.

Тие поседуваат комплетна заштитна опрема на сите ранливи делови на возилата, тетра уред, ротациони светла, флешери и сирени, односно целосно се прилагодени за полициска намена.

<

На презентацијата на интервентните возила присуствуваше и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

 Набавката на нови десет интервентни возила за потребите на специјалните единици е само продолжение во низата набавки со кои ги подобруваме капацитетите на нашата полиција, што, пак, директно влијае на постигнувањето подобри резултати во работењето – рече тој.

Интервентните возила се набавени во склоп на донација за МВР од чешката влада, во висина од еден милион евра.

Министерот на Македонската полиција истакна:  Дозволете ми да ја искористам оваа можност во свое и во име на Министерството за внатрешни работи да упатам огромна благодарност до амбасадорот на Чешка во нашата земја, Мирослав Томан, до Владата на пријателска Чешка за континуираната и сесрдна помош и поддршка што ни ја даваат, како во делот на реформите на нашата полиција, така и во други сегменти важни за нашето целосно етаблирање во евроатлантските интеграции

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија го заврши Светското првенство на 15. место

Македонската ракометна репрезентација го освои 15. Место на СП 2025 што се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка, откако нашите ракометари со вечерашниот пораз...

Клековски објасни зошто нема лекови на „Онкологија“: Не сакаме да купуваме на реверс

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, вечерва во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека нема да се купуваат лекови на реверс...

Данела Арсовска објави слика од насилници кои претепале службени лица !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го повика МВР да ја уапси, како што вели таа, банкадата која пали диви депонии, откако биле претепани...

Притвор за двајца полицајци од Битола оддавале службена тајна

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола...