23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаВнимавајте од денес има нов закон: Физички лица ќе можат да произведуваат...

Внимавајте од денес има нов закон: Физички лица ќе можат да произведуваат вино, доколку имаат завршено средно образование

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Собранието на Република Северна Македонија на денешното продолжение на 116-тата седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за вино, во второ читање, со кои се подобруваат условите за производство на вино на малите винарии и на физичките производители.

<

За измените не гласаа пратениците од опозицијата, бидејќи тие сметаа дека овој закон не ги решава проблемите на лозарите како што се загарантираниот откуп и загарантирана цена, туку се однесува повеќе за винариите.

На малите винарии, кои произведуваат до 100.000 литри вино годишно, со измените им се дава можност да работат со ангажиран енолог, а не како досега да мора да имаат вработено дипломиран енолог, додека физичките лица ќе можат да произведуваат вино со какво било завршено средно образование.

Во прво читање помина Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана со кој се усогласуваат одредени негови делови со стандардите на НАТО, а се врши и терминолошко усогласување и прецизирање на одредени поими.

Заменик министерот за одбрана Беким Максути рече дека имајќи предвид дека земјата се наоѓа во еден од најкритичките моменти за нејзиното полноправно членство во НАТО, со законот се врши усогласување со членот 5 од НАТО Пактот, дополнително се вршат измени за усвојување на основните стратешки одбранбени документи и за преуредување на надлежностите на државните органи во областа на одбраната во смисла на ова членство.

Се предлага, меѓу другото, уредување на надлежностите на Владата да одлучува за влегување и излегување на вооружени сили на странски држави внатре и надвор од територијата на Републиката, поминување или престој во врска со нивното учество на вежби, обука, хуманитарни операции, меѓународни операции, НАТО мисии и операции и во примената на правото на индивидуална или колективна самоодбрана, операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност, како и во команди, штабови и воени единици на меѓународни организации на територијата на Републиката, во согласност со меѓународните договори ратификувани согласно Уставот”.

Пратениците ги поддржаа во прво читање и потребата за носење на измените и дополнувањата на Законот за правда на децата, како и Предлог законот за лобирање.

слободен печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...