Претепан Илија Тозија поранешен управител во фирмите поврзани со Мијалков.

Во гаража e претепан Илија Тозија, поранешен управител во фирмите поврзани со Сашо Мијалков.

Ноќеска во гаража во Скопје го нападнале три непознати лица.

Тој во 02.30 часот во СВР Скопје, пријавил дека околу 00.00 часот во гаража од зграда на ул.„50-та дивизија“, со употреба на тврд предмет, физички го нападнале три лица. Полицијата работи на расчистување на случајот.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here