15.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев ќе дели по 3.000 денари за младите да не седат дома

Заев ќе дели по 3.000 денари за младите да не седат дома

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека преку законско решение кое ќе го прелдожи Министерството за труд и социјална политика ќе се обезбедат средства за Младински додаток за сите млади граѓани кои имаат до 23 години и работат во производствена дејност.

<

Истиот ќе изнесува 3.000 денари за секој млад работник додека не наврши 23 години и парите ќе ги добива на трансакциска сметка преку Агенцијата за вработување. Според шефот на македонската Влада, мерката е од исклучителна важност за младите луѓе во нашата држава со која се обезбедува континуитет и стимулација во гранките на производство во кои има дефицитарен кадар и недостасува кадар за работа.

– Младите треба да имаат најмалку средно образование и да работат во
производствена дејност, да бидат индивидуални земјоделци или индивидуално самовработени во производството. Во овој случај добиваат и младите и работодавачите. Ова е вклучително заедно со субвенционирање на придонесите ако се зголеми платата. Владата продолжува постепено да работи на задржување на младите во Македонија. Секој кој сака да работи во производство од државата ќе добива плус 3.000 денар. Ако некој не сака да оди на факултет, уште порано ќе ги донива овие пари. Ем ќе бидат постимулирани, ем ќе бидат мотивирани да се оттргнат од девијантните појави, рече Заев.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска најави дека новиот закон е изработен во нејзиниот ресор и исплата ќе започне кога истиот ќе стапи на сила.

– Економијата се движи преку компании кои прпоизведуваат, но од друга страна има и млади кои се двоумат дали да работат во производството. Со овој закон директно сакаме да ги поттикнеме младите дека освен платата од работодавачот, ќе добијат и 3.000 денари од државата за тука да ја градат кариерата, додаде Царовска.

Откако законот ќе стапи во сила, младите работници треба само да поднесат барање до Агенцијата за вработување и да остават трансакциска сметка, Агенцијата кога ќе ги евидентира сите податоци, ќе исплаќа по 3.000 денари на сметката на младиот така што работодавачите нема да имаат никаква административна обврска.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...