25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаЗабаваПотресно сведоштво: Господинот од контињерот.

Потресно сведоштво: Господинот од контињерот.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вечерва, појдов до продавница да пазарувам. Вниманието ми го привлече полна количка со празни пластични шишиња и некој стар тепих во количката со две колца, паркирана недалеку од влезот на продавницата. Си помислив дека некој џуптин пребарува во контињерите. Фрлив поглед лево – десно, онака без повод. Немаше никој, па влегов во продавницата. Додека бирав од рафтовите што да купам, еден човек на возраст од околку 40 до 45 години, ми рече -пардон господине, само да земам паштета.

<

Ме погледна со небесно сините очи и ми се насмевна. Иако облеката му беше искината, валкана од буричкање по контињери, овој човек беше културен господин. Сватив дека количката му припаѓа нему, а не на некој џуптин.
Човекот застана пред мене на касата за плаќање. Ги поддаде паштетите на касиерката која му ги стави во кеса и му рече: 64 денари.
Во неговата валкана но чесна рака држеше 100 денари. Но, додека ги поддаваше кон касиерката и рече:
-Не се 8 паштети госпоѓо. Седум се, од по осум денари. 56 денари госпоѓо. Не ми е до парите госпоѓо, но секоја паштета ми е за еден ден. Тука ми е ручекот за цела недела. Мене ми е дека треба да бидам еден ден гладен.
Веднаш касиерката се извини, му врати кусур, и му рече – пријатно.
Додека плаќав, ни се сретнаа насолзените погледи со касиерката.
Се вратив дома. Но еве сеуште пред очите ми е Господинот со количката полна шишиња…Македонецот со валкани но чесни раце, господинот од контињерите со небесно плави очи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...