19.4 C
Ohrid
понеделник, септември 9, 2024
ПочетнаСветПочинал по удар од гром, арамии го откопале за да го ограбат,...

Починал по удар од гром, арамии го откопале за да го ограбат, а тој оживеал среде грабежот на гробот! Погледнете како изгледа сега..

Во младоста, на српскиот хармоникаш и пејач од повозрасната генерација Миланче Радосављевиќ му се случило нешто што е еднакво на најбизарните филмски приказни – клиничка смрт по удар од гром кога се засолнил под едно дрво додека грмело. Бидејќи мислеле дека тој починал, семејството го погребало, заедно со хармониката што едвај ја купил и што ги задолжило неговите родители. Тогаш таа чинела 25.000 динари, а платата на неговиот татко била само 6.000 југословенски динари.

Според зборовите на неговите соселани, некои арамии веднаш по погребот отишле на гробиштата за да му го украдат инструментот, по што се соочиле со вистински хорор! Имено, кога го откопале гробот, Миланче оживеал и наводно засвирел во моментот кога се обиделе да му ја грабнат хармониката.

Шокирани, во страв и паника арамиите се разбегале, а нивниот чин се смета за благослов – затоа што се установило дека се работи за клиничка смрт на музичарот, кој оживеал, и да не го откопале за да го ограбат, ќе се задушел во сандакот положен и закопан во гробот.

Миланче, сфаќајќи што всушност се случило, си дошол дома весел свирејќи по пат на хармониката. На прагот од семејната куќа тој се појавил со својата скапоцена хармоника в раце! Откако родителите се опоравиле од шокот и неверувањето, неговиот татко потоа ги барал крадците да ги награди, но никој не одговорил на јавниот повик.

Пејачот на народна музика, од друга страна, останал жив и добар, но со некои последици од ударот од гром. Чудно било тоа што наставникот по музичко го однел на часови по хармоника, бидејќи прстите по несреќата му останале згрчени на рацете, што било резултат на ударот од гром.

Миланче наскоро почнал и да пее по кафеани, а набргу станал и многу баран, па во еден момент дури бил забележан и од Аца Степиќ, која предложил Миланче да сними плоча, по што тргнала неговата естрадна кариера.

Денес е женет, има две деца и четири внуци. Неговиот син свири хармоника, а неговата ќерка дипломирала на одделот за пијано и работи како професор во музичкото училиште „Станковиќ“ во Белград. Тој себе си се смета за среќен и задоволен човек, кој се’ уште се појавува на телевизија и настапува.vistina.mk

 

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј направен во Охрид.

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј!!! По повод денот на независноста на Македонија, друштвото за истражување и развој Сефиданис, во клубот Ребел во Охрид...

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...