2.8 C
Ohrid
понеделник, декември 11, 2023
ПочетнаМакедонијаШтипјанец останал слеп откако го претепале и ограбиле на улица.

Штипјанец останал слеп откако го претепале и ограбиле на улица.

Да имаш, па преку ноќ да снемаш. Вака најпластично може да се објасни судбината на 5 членото штипско семејство Јусуф.

Шеесет и две годишниот годишниот Кемал, кој е долгогодишен уличен менувач на девизи во месец мај бил физички нападнат на градскиот пазар, по што останува слеп на едното око. Напаѓачите прво му прснале бибер спреј во очите.

-Ме удрија со дрво по главата и имам скршеници на главата. Едното око ми е целосно уништено, а другото не знам колку, 40 % или 60 %, но слабо гледам. Рамнотежа нема, свест ми се врте, ми бучи главата, се занесувам и не можам да одам, вели Кемал Јусуф.

Приходите во семејството претходно биле редовни, а Јусуф ги остварувал секојдневно од разликата на купо-продажниот курс на девизите. При нападот му се одземени 18 000 евра, пари со кои Кемал работел. Сега веќе 6 месеци е прикован за постела и не може да остварува егзистенција за своето семејство. Од општината добиле еднократна финансиска помош.

-Општината ни помогна со 6000 денари парична помош, само еднаш. Велат натаму терајте си ја работата, од тука, толку –изјави сопругата на Кемал.

Побарале помош од Центарот за социјални работи.

-Сопругата и децата отидоа и и рекле дека толку ме следува, 3000 денари.

Сопругата на Кемал е невработена. Петчленото семејство кое живееле скромно, но добро, сега преживува со 3000 денари социјална помош и додаток за трето дете. Бараат помош од институциите, зашто велат, со тие средства не можат да ги покријат ниту трошоците за лекарства, а не пак да се прехрани семејството. Идентитетот на напаѓачите се уште останува непознат.

сител сторија.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Телма на местото на злосторството – За првпат објавено местото каде Вања била закопана

Јавноста се уште не се смирува со реакции по смрта на Вања и Панче кои претходно беа киднапирани. За првпат Телма ТВ успеа да дојде...

Јован Митрески,новиот претседател на Сообрание?

Извори од вледејачката СДСМ брифираат дека претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за во недела закажал состанок на раководството на СДСМ. Неофицијално се дознава дека на...

Вмро Дпмне веднаш го разреши претседателот на месниот комитет во Охридско, откако истит бил фатен од страна на полициските службеници како конзумира дрога.

Лицето А.Т по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет во Охридско соопштуваат од...

ЗАГИНА ЛОВЏИЈА ВО КИЧЕВСКО, по грешка застрелан со два истрели

Ловџија од кичевско денеска го загуби животот на лов, откако денеска околу 15 часот бил застрелан од друг ловџија во селото Бигор Доленци, дознава...