8.9 C
Ohrid
среда, декември 11, 2024
ПочетнаМакедонијаБронза и злато за момче со Даунов синдром од Скопје

Бронза и злато за момче со Даунов синдром од Скопје

spot_img

Ники мајстореее – се ореше од трибинте на базенот „Спартак во Софија“ кога Никола Стојановски, момче со Даунов синдром од Скопје ги финишираше трките во 25 метри краул и грбно. Како и секогаш, најголемата поддршка му беа неговите другари со Даунов синдром од Скопје, кои беа најгласни и со кои со години заеднички тренираат

Ники (15) се закити со златен медал на 25 метри краул и со бронзен медал на 25 метри грбно на Мeѓународниот турнир по адаптивно пливање во организација на фондацијата „Воден пат“ од Софија на кој учествуваа 85 деца со интелектуална и физичка попреченост од Бугарија, Србија и од Македонија.

Радоста беше огромна, иако ова не му се први меѓународни награди на Никола кој со пливање активно се занимава три години.

За тоа како почнала приказната со пливањето мајка му Сузана Стојановска раскажува:

– Пред да почне да спортува, Никола беше хиперактивен, постојано во движење, како да бараше нешто.. Откако почна активно да се занимава со спорт, сосема му се смени однесувањето во позитивна насока. Научи дека треба редовно да оди на тренинзи, ги научи правилата во спортот, стана потрпелив, научи што значи тимска игра. Тој во спортот буквално се пронајде себе си. Најмногу го сака пливањето каде има и најголем успех.

Стојановска која е и претседател на здружението „Дневен центар – доза среќа“ кој го организираше гостувањето на македонските пливачи со Даунов синдром во Софија, додава дека спортот е особено важен за овие деца пред се` од здравствени причини.

– Децата со Даунов синдром имаат слаб тонус на мускулатурата и пливањето им помага да ги зајакнат мускулите. Правилното дишење кое е основа во овој спорт, е тесно поврзано со говорот и апнеата која ја имаат поголемиот дел од децата. Покрај здравствените бенефити, би додала дека најважна е социјализацијата и инклузијата која токму преку спортот има најголем успех – додава Стојановска.

Успесите на Ники и другите членови од клубот најмногу се должат на неуморната работа на тренерот по адаптивно пливање Радован Велјановски кој веќе неколку години држи тренинзи за деца и млади со попреченост во базенот при спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

– Пливањето се смета за спорт број еден за лицата со попреченост поради тоа што водата делува смирувачки и помага во целокупниот физички и метален напредок. Особено се важни натпреварите, бидејќи тие влијаат врз градењето на карактерот . Децата со попреченост се стекнуваат со свое „јас“ и стануваат помотивирини и во другите области од животот. За сево ова кај нас е задолжена група на млади тренери кои со голема љубов и ентузијазам волонтерски трипати неделно одржуваат тренинзи – вели Велјановски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Србите бесни: Жестока провокација за Звезда уште пред почетокот на натпреварот со Милан

Милан од 21 часот на стадионот „Сан Сиро“ ќе ја дочекува Црвена Ѕвезда во шестото коло од Лигата на шампионите. Гостите беа разочарани од...

Тошковски: Над 45% од менаџерските функции во МВР се жени

Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски...

Ахмети: Доколку се утврди вина Груби сам ќе се повлече од ДУИ

Ние не ги оспоруваме одлуките на Американскиот Стејт департмент, господин Груби има право на жалба, ќе го води процесот насочен со факти. Ова право...

Кирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и...