24.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаАлбанците од Драч ги полнат хотелите во Охрид (Видео)

Албанците од Драч ги полнат хотелите во Охрид (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Земјотресите во Албанија не стивнуваат,тлото веќе втор ден не мирува,постојано се чувствуваат серија потреси кои ги вознемируваат граѓаните.

<

Оние кои останаа без покрив над глава немо гледаат во рушевините од нивните домови, a мал е бројот на жителите кои по разорнот земјотрес се осудуваат да влезат дома.

Луѓето преплашени,излегуваат надвор од своите куќи. Граѓаните посебно оние кои не можат да се носат со вознемиреноста заминуваат во за нив најблиската дестинација-Македонија.

Во хотелите на охридско-струшката ривера од рано утринава се сместени десеттината семејства,а нивниот број постојано расте.

Добивме неколку резервации преку букинг, преку наши партнери за албански фамилии кои што имаат престој 4 до 5 дена во хотелов.Што е прилично невообичаено за месец ноември,бидејќи сега се секогаш пократки престои, изјави Ана Јанчева-хотелиер.

Албанските фамилии бараат засолниште во Македонија, вели Јанчева, за да им излеземе во пресрет изготвивме пакет аранжмани по прикладни цени.

Секако,веќе и се направени попристапни пакети и цените се намалени,баш за да им излеземе во пресрет и на повеќе фамилии кои што можеби финасиски не можат да си ги дозволат повисоките цени, додаде таа.

Претседателот на Хотам, Крсте Блажески кажа дека сите хотели на охридско-струшката ривиера за албанските граѓани нудат полупанскиотски пакет аранжмани од 20 евра. И на граничниот премин Ќафасан денеска има зголемена фреквенција на комбиња и возила од Албанија за влез во нашата земја.

алфа

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...