31.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЌе има ли крематориум во Македонија? Желби и идеја има, но за...

Ќе има ли крематориум во Македонија? Желби и идеја има, но за црквата ова е неприфатливо. (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Има ли Македонија потреба од алтеранитвен начин на погребување? Иако неколку пати најавуван, проектот за изградба на крематориум никако да се реализира. Недостатокот од гробни места кои и онака зафаќаат плодно земјоделско земјиште, но и законската легислатива, се уште не се доволна причина надлежните сериозно да размислуваат за оваа опција.

<

По пат на кремирање, во земјава се упокојуваат двајца до тројца годишно. Станува збор за лица чии роднини се обратиле до “Бутел”, кремирањето да се организира во Белград. Од погребалното претпријатие велат дека мал е бројот на заинтересирани лица кои се јавуваат за кремирање на починато лице.

Идејата за изградба на крематориум е поткрепена и со законска основа. Од погребалното претпријатие Бутел велат дека тој е предвиден со Законот за гробишта и погребални услуги, како придружен објект на гробиштата.

“Со законот е регулирано дека посмртните останки на умреното лице може да се кремираат само ако за време на живот оставил заврен писмен документ или ако така налагаат здравствено санитарните прописи. Кремирањето се врши на гробишта а начинот на кремирање го пропишува министерот за транспорт и врски. Во 2009 год. министерот за транспорт и врски во согласност со министерот за здравство и министерот за животна средина и просторно планирање, донеле Правилник за нормативи и технички стандарди и здраврствено санитарни услови за изградба и реконструкција на гробиштата, на придружните објекти, и на инфраструктурата, со кои прецизно се регулира материјата за крематориум”

Од Министерството за транспорт и врски се уште немаат јасна престава околу овој проект.

Изградбата на крематориум најмногу ги засега црквата и верските заедници, бидејќи чинот е неприфатлив за православното верско учење.

Граѓаните, пак, покажуваат отвореност за идејата. Велат дека постојат повеќе причини за овој алтернативен начин на погребување.

Од погребално Бутел додаваат дека доколку постои поголем интерес од надлежните институции и верските заедници, дури тогаш би можело да се пристапи кон отварање на процес за изградба на крематориум.

Во регионот, најмногу кремации се извршуваат во Словенија. 83% од починатите се упокојуваат на овој начин, додека во Хрватска секој втор се одлучува за кремација.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...