13.4 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаВаков случај до сега не се памети: На мајка од Тетово сакаат...

Ваков случај до сега не се памети: На мајка од Тетово сакаат да и го одземат мајчинството и да ја избришат како родител

Судот во Тетово е пред преседан, кога ќе решава за случај каков што Македонија во својата историја не памети.

Како што дознава „Магазин“, по развод на родителите, таткото бара да се одземе мајчинство на мајката, поточно детето да биде без позната мајка и да нема никакви контакти меѓу нив. Не се работи за одземање старателство, што е стандардно во вакви постапки, туку името и постоењето на мајката да се избрише од потеклото на детето.

Според документацијата пред судот, таткото имал нарушени брачни односи со сопругата. На почетокот на 2014 година прво ја претепал сопругата, потоа се заканувал со пиштол на нејзиното семејство, го грабнал малолетното дете и два дена го чувал на непозната адреса, а кога полицијата била повикана да асистира го нападнал и службено лице за што е осуден со првостепена пресуда на казна затвор од 6 месеци, која по негова жалба е преиначена во условна осуда од Апелациониот суд во Гостивар.

Во периодот од 2014 година до септември 2017 година, таткото воопшто не се интересирал за синот и не пројавил никаков интерес за детето, неговиот развој и воспитување. Во октомври 2018 година, тој повторно преку неговиот адвокат поднел предлог за одземање на родителско право на мајката.

Повеќе на „Магазин“. 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...