2.7 C
Ohrid
четврток, декември 7, 2023
ПочетнаМакедонијаЧетворица од инцидентот во „Александар палас“ одбија да се легитимираат и добија...

Четворица од инцидентот во „Александар палас“ одбија да се легитимираат и добија кривични пријави

Четворица од петмината врз кои во неделата беше пукано во лобито на хотелот „Александар палас” им се заканувале на полициските службеници кои дошле да ги легитимираат критичната вечер, но и по настанот.

Вчера во полициската станица Карпош беа приведени тројца од осомничените и спроведени, по што следуваа и кривичните пријави. Едно лице е во бегство.

Од обвинителствотоо соопштија дека тие ќе одговараат за загрозување на безбедноста.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против четири лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.3 од Кривичниот законик, во врска со настанот од 30 ноември околу 11 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Тројца од пријавените се лишени од слобода, а по четвртиот сѐ уште се трага. Пријавените ја загрозиле сигурноста на 11 службени лица – полициски службеници кои вршеле службено дејство – легитимирање, на начин што упатиле сериозна закана дека ќе нападнат врз животот на полициските службеници“, стои во соопштението на обвинителството.

Од Обвинителството побарале да им се одземат пасошите и да им се одреди куќен притвор.

МВР засега нема осомничени за нападот во Александар Палас.

Инцидентот се случи во неделата, триесетина минути по полноќ, кога три маскирани лица, вооружени со автоматски пушки упаднаа во лобито на хотелот каде што биле осомничените и полициски службеник кој не бил на должност. Тие испукале неколку рафали кон нив и побегнале, а полицискиот службеник возвратил пукајќи од службениот пиштол.

Напаѓачите побегнаа со две возила, а едното – џип „туарег“ беше најдено по неколку часа целосно изгорено во атарот на селото Арачиново. Во запалениот џип беа најдени и две автоматски пушки „калашникови“.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

И шоферот на Палчо доби гратис шишање за во Шутка !!!

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството, и му одреди 30-дневен притвор на возачот кој го возел...

Првото селфи на Боки 13 откако е на слобода- Мора да признаеме како за болен човек, добро изгледа !!!

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 објави фотографија на својот Фејсбук, прво селфи на слобода. „Првото селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ...

Возачот на Палчо не чувствува вина: Јас го возев на болница

Стефан Димковски, кој го превезуваше Љупчо Палевски-Палчо и заврши во притвор, не чувствува вина во случајот со убивањето на Вања Ѓорчевска, одговори тој на...

Мајката на Вања: Не можам да разберам, се ми е нереално – Со сопругот бевме 5 години разделени, но бевме во добри односи.

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска (14) која беше убиена кај скопското село Бразда за српска „Република“ изјавува дека важно и е само да...