11 C
Ohrid
петок, ноември 27, 2020
Почетна Македонија Градоначалникот Наумоски: Купив „BMW Х5“, па нема со магариња да патуваме за...

Градоначалникот Наумоски: Купив „BMW Х5“, па нема со магариња да патуваме за на работа.

Translate (Eng):[gtranslate]

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, си купил нов автомобил, марка „бе-ем-ве Х5“ кој го пријавил и во анкетниот лист. Наумовски пред година и половина кога седна во градоначалничката фотелја возел „пежо 1007“. Тој во изјава за „Макфакс“ вели дека е нормално да си купи нов автомобил и додава „Нема со магариња да патуваме“.

„Автомобилот е произведен во 2010 година и чини 17 илјади евра. Беше 20 илјади евра, па ми ја намалија цената оти беше оштетен кај багажникот. Кога дојдов за градоначалник, не бев на улица најден. Го купив со заштеда, го продадов стариот автомобил и го исплаќам на рати. Автомобилот е увезен од Америка. Па, нема со магариња да одиме“, вели Наумоски за „Макфакс“.

Наумоски во изминатиот период беше актуелен во јавноста откако „Макфакс“ објави дека со буџетот за оваа година оставил простор за зголемување на неговата плата. Исто така, како прв човек во Ѓорче Петров, на крајот од минатата година потроши 13 илјади евра за набавка на пенкала, верски календари и други промо-материјали.

РЕКЛАМА
- Реклами -