8.9 C
Ohrid
недела, февруари 2, 2025
ПочетнаМакедонијаСудење- Барал секс или пари од студентки за преодна оценка, а секој...

Судење- Барал секс или пари од студентки за преодна оценка, а секој професор на факултетот си имал своја тарифа

spot_img

Ексвработен во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус”, во судницата рече дека професорот Бобек Шуклев од студентка барал секс или пари, во замена за преодна оценка.

<

Трајковиќ бил посредник помеѓу две студентки и професорот и тврди дека не дошло до договор за секс во замена за оценка. Сведокот во исказот кажа дека тој очекувал, исто така, да добие сексуални услуги од девојчињата во замена за посредувањето меѓу нив и професорите.„Професорот Бобек најчесто доаѓаше во бифето. Со него имав доручкувано, а сме разговарале за многу работи. Имавме седено со две девојчиња кои доаѓаа во бифето. Тие бараа оценка кај професорот Бобек Шуклев во неколку наврати. Кога седевме јас и девојчињата во бифето, професорот доручкуваше. Тие ме прашаа дали може да се реагира кај професорот да се добие оценка. Јас го прашав. Тој праша како се вика и потоа рече дека нема шанси оти била слаба студентка. Потоа пак ме викна и ми кажа дека ако има секс со неа ќе ѝ стави оценка или во спротивно треба да плати околу 1.000 евра. Му кажав на девојчето, по што, таа рече дека ќе си плати, но нема да има секс со него. Јас му пренесов. Професорот ми рече дека многу би сакал да има секс со нејзе, но ако нејќе, да си плати. Му пренесов на девојчето”, рече сведокот Трајковиќ.

Во својот исказ, Трајковиќ рече дека не знае како се викаат девојчињата. Тој додаде дека секој професор имал различна тарифа за да дадат преодна оценка на студентките.

„По некој период, во бифето дојде демонстраторот Драган Денковски и ми рече ‘Ако сака некој да плати за оцена, можам да му завршам работа’. Со тоа што, тој ќе ми кажел цена за кај одреден професор, а потоа, со индексот и парите тој ќе заврши работа. Откако тоа им го кажав на девојчињата, тие ме прашаа за неколку професори од кои им требаат оцени. Тие ме прашаа за кај професорот Славе, Драги, Шуклев, но и за кај професорка… Се слушнав со Денковски и ми кажа за кај кој професор колку пари треба. За кај Шуклев требаше да го прашам директно, за кај Славе 500 евра. Бидејќи сумите се големи, девојчињата ме прашаа дали можат да платат на рати. Јас го прашав Драган, тој рече нема шанси. Потоа ми дадоа пари за да платам за кај Драги Јанев и Славко Ристевски, а јас ги предадов кај Драган Денковски. Девојчињата прашаа до каде е работата со оценките, јас го прашав Денковски, по што тој ми рече да почекаат ако сакаат да е завршена работата. Едната ми покажа дека добила оценка, а другата беше кај професорот Славе Ристевски за да ѝ стави оценка”, додаде Трајковиќ во исказот.

Денковски не дозволуваше студентките да се запознаат со него, рече ексвработениот во бифето, додавајќи дека неговиот исказ не може да го потврдат студентките.

Професорот Славе Ристевски го праша Трајковиќ: „Каде се парите?”, по што сведокот рече: „Парите што ми ги дадоа девојчињата ги дадов на Драган Денковски”.

Обвинителството за организиран криминал за предметот „Еразмус” гони петмина осомничени, меѓу кои поранешниот декан и професор по менаџмент Бобек Шуклев. Предметот е отворен во јуни 2016 година. Професорите се сомничат дека барале и примале поткуп од 500 до 1.000 евра за да им пишат преодна оценка за положен испит на студенти без знаење, а имало случаи кога студенти добиле шестка иако немале право да го полагаат испитот или не им бил пријавен во таа испитна сесија. Осомничени се професорите Бобек Шуклев, Славе Ристески, Драган Јанев и Стојан Дебарлиев.

макфакс

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Васил Јованов за телефонот во Шутка платил 250 евра- Го набавил од притвореник со цел да се јави кај неговата сакана?!

Возачот Васил Јованов кој со возило ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“ го набавил телефонот од притвореник кој е од Гевгелија, а издржува притвор...

ЗАПОЧНУВАМЕ ВОЈНА ПРОТИВ КОРУМПИРАНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ЗАТВОРИТЕ, ЌЕ ИМА НАЈСТРОГИ КАЗНИ И БРКАЊЕ ОД РАБОТА ЗА ВИНОВНИТЕ

ЗАПОЧНУВАМЕ ВОЈНА ПРОТИВ КОРУМПИРАНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ЗАТВОРИТЕ, ЌЕ ИМА НАЈСТРОГИ КАЗНИ И БРКАЊЕ ОД РАБОТА ЗА ВИНОВНИТЕ Почитувана јавност, во моментов сум во КПД Скопје-Скопје,...

Телефонот му е одземен, ќе има и санкции- Веднаш после скандалот Васил е ставен во самица !!!!

Мобилниот телефон на Васил Јованов, осомничен за предизвикување сообраќајка со смртни последици каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова, му е одземен, извршен е...

ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски повика да се бојкотира ЕКС-ЈУ музиката во Македонија.

Опозициската ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски повика кон општиот бојкот на потрошувачите на македонските маркети да се додаде и општ бојкот на концертите на...