7.5 C
Ohrid
вторник, април 22, 2025
ПочетнаМакедонијаЕВЕ ШТО СЕ Е ЗАПЛЕНЕТО ОД БОКИ - ќе се запрепастите

ЕВЕ ШТО СЕ Е ЗАПЛЕНЕТО ОД БОКИ – ќе се запрепастите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Парчиња брендирана облека, обувки, чанти, очила, сакоа, кошули, шешири, капути, јакни, фармерки… ова е само дел од запленетите предмети од куќата во скопски Орман на контроверзниот Боки 13, или Бојан Јовановски, првообвинет во „Рекет“. Обвинителниот акт за овој предмет има 60 страници, а само листата на одземените предмети од домот на Боки има 23 страници.

<

Списокот е огромен, а дел од одземените предмети, спакувани во црни вреќи, се изнесени од домот на Јовановски. Во 71 црна вреќа истражителите сместиле 1.208 различни парчиња.

Сите се познати марки, и тоа Гучи, Долче и Габана, Луј Витон, Версаче, Кристијан Диор, а во секоја од вреќите има барем по едно парче со шара од леопард. Има и шари од змија, од лав, мотиви со срце и меч… Брендирано било дури и огледалото што висело во домот на Боки 13, и тоа од марката Ролекс.

Лицата што го правеле претресот внимателно направиле селекција на предметите и посебно во секоја вреќа сместувале башка очила, башка капути, дури и обувките ги селектирале на патики, чевли, чизми и собни папучи, а панталоните на фармерки, тренерки, класични панталони… Вреќите се класифицирани по бројки, од вреќа број 1, до вреќа број 71. Очигледно е дека претресот бил долг, а заплената „богата“.

МКД.мк, според обвинителниот акт, направи збирна листа на она што било одземено од домот на Јовановски.

Во црни вреќи истражителите спакувале: 60 капути, 22 јакни, 85 кошули, 75 чифта панталони, 186 пара очила за сонце, 134 чанти, 148 маици, 26 одела, 152 пара чевли, 45 пара патики, 36 пара чизми, 66 пара тренерки, 30 шешири, 29 пара фармерки, 33 ремени, 55 сакоа, 25 пара папучи…

Парчињата облека и модните детали во домот на Јовановски биле во црвена, црна, зелена, нијанси на сина и сива боја, како и во кафена и речиси сè, вклучувајќи ги и собните папучи, биле со име на позната марка.

Ова е вкупната листа, но не на сите запленети предмети, туку на оние што ги собрале црните вреќи.

Оваа скапа облека се наоѓа во просториите на Агенцијата за одземен имот и таму ќе стои сè додека не заврши постапката за „Рекет“ и додека судот во пресудата не донесе одлука што ќе прави со запленетите работи.

Адвокатот Сашко Дуковски, кој го застапува Јовановски во оваа постапка, бараше да му се врати облеката, бидејќи, како што вели, не е сè од неа купено во критичниот период за кој се води постапката.

Но обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, не попушта, во обвинителниот акт вели дека запленетите предмети настанале од извршување на кривичните дела, како и дека предметите биле наменети или се употребени за извршување на кривичните дела.

Но списокот на скапи работи не завршува во црните вреќи, туку продолжува понатаму…

Меѓу запленетите работи се и перници за квалитетен сон на Јовановски од брендот Забрано, мебел од истиот бренд, столови со златни ногарки, теписони, украсни фигури во облик на мајмун, куче во жолто-златна боја, украсни златно-жолти лустери со многу кристали, украси во форма на коњ, украси сваровски, златна круна со циркони во различни бои, уметнички слики од Лазар Личеноски со наслови Булки, Трендафил и Дрво, уметничка слика од Ванчо Јанов со наслов Распеаност и весела игра, уметничка слика од Мартиновски Гола жена, уметничка слика од Камилов со машки лик… накит, брендирани кутии за накит, брошеви, несесери, ајфони…

На долгата листа, освен предмети, има и материјални докази што се однесуваат на пари, фискални сметки од богат шопинг во Милано, Грција…

Фискалните сметки што биле најдени се сместени во пликови, се однесуваат на периодот 2019 година, а износите се вртоглаво високи, од 2.000 евра, па сè до околу 30.000 евра.

Според евиденцијата спакувана во пликовите, било шопингувано во бутиците Версаче, Долче и Габана во Милано, а има и фискални сметки од Џани Версаче СРЛ, Сен Лорен Париз, Барбери…

Има и лаптоп компјутери, како и видеоматеријали, но нешто од доказите ќе оставиме и за кога ќе треба да се презентираат во судница…

Она што е важно е дека оние 1 и пол милион евра што бизнисменот Орце Камчев му ги дал на Боки 13 во чанта Луј Витон ги нема. Јовановски вели има снимки каде завршиле парите, но и за тоа ќе почекаме до гледањето на снимката во судница, како и до давањето на неговиот исказ пред судот.

Во моментов е јасно само дека луксузниот живот на Боки 13 пукна како меур од сапуница со првиот чекор во ќелијата во Истражниот затвор во Шутка.

Тој сè уште е во притвор, каде што 5 месеци ја живее реалноста од случајот „Рекет“.

Тврди дека е невин и дека ќе го докаже тоа. А со истото тврдење пред судот излезе и Катица Јанева. Само Зоран Милевски призна дека е виновен и доби 3 години затвор. За Јанева и за Милевски Русковска има само по една страница запленети работи, кои главно се однесуваат на лаптоп компјутери и мобилни телефони…

Но како ќе заврши судската постапка ќе видиме можеби следната година, на чиј праг сме.

2019-та на Јовановски му е поделена – половина во луксузен живот, половина во затворска ќелија.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вознемерувачка фотографија: На ден Велигден две годишно детенце од Битола на лицето искасано од куче скитник !!!

Детенце на возраст од една година и седум месеци е каснато на лицето од куче скитник на плоштадот „Магнолија“ во Битола. Немилиот настан се...

Маж се удавил во езеро откако сопругата му кажала дека на гости за Велигден ќе дојде нејзината мајка !!

Нуркачите од дното на едно руско езеро го извлекле телото на 43-годишен Русин, кого неговата сопруга цела ноќ неуспешно се обидувала да го добие. Мажот...

Почина папата Францискo !!!

Ватикан преку видео соопштение објави дека папата Франциско почина на 88-годишна возраст, пренесе Ројтерс. Првиот латиноамерикански поглавар на Римокатоличката црква, соопшти Ватикан во видео изјава...

Возачот кој пијан излета од пат и удри во бандера, бил полицаец!

Вчера во 02 часот на ул. „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.С.(25) од општина Росоман. В.С. со...