14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаКој е мистериозниот спонзор на Шилегов кој ќе даде 100 000 евра...

Кој е мистериозниот спонзор на Шилегов кој ќе даде 100 000 евра за Дино Мерлин?

Деновиве јавноста е разбранувана од информациите кои ги објавија медиумите од соседството за висината на хонорарите на балканските ѕвезди за новогодишната забава. Од нив, својот труд најскапо ќе го наплатат Здравко Чолиќ и Дино Мерлин, кој за новогодишната ноќ ќе настапи на скопскиот плоштад. Кога скопскиот градоначалник Петре Шилегов пред два месеца објави дека граѓаните на плоштад ќе ги забавува Дино Мерлин, рече и дека за тој ангажман Градот ќе плати 0 денари, што сите ги остави во чудо.

Никој не веруваше дека еден пејач може да настапува бесплатно, за да сега српските медиуми објават дека всушност Дино Мерлин за својот новогодишен настап ќе „лапне“ ни помалку ни повеќе, туку 100.000 евра, што е одлична тезга, посебно за пејач од калибарот на Мерлин. Е дури откако излезе иноформација во медиумите во соседството и се крена прав околу висината на хонорарот, Шилегов се одважи да излезе во јавност, ама со свој Фејсбук статус.

Во него тој тврди дека настапот на Дино Мерлин, ќе го платат спонзори, и дури ги искара сите кои пишуваа на оваа тема по медиумите и социјалните мрежи, дека биле хејтери и дека не се радувале на туѓата среќа. Притоа ниту збор за тоа кои се спонзорите на новогодишната програма.

Чудно е што спонзорите кои ќе го платат еден од дватата највисоки хонорари на Балканот за новогодишната ноќ се кријат и не го користат моментот за промоција и реклама. Тие не се наведени ниту на рекламното пано за настапот на Мерлин, а ги кријат и од Градот, па останува да му веруваме на зборот на Шилегов. Актерката Јелена Жугиќ, советничка на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Градот Скопје се сомнева дека се работи за бизнис-зделка, која понатаму ќе се преточи во градски проект.

весник.мк

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...