26.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаБогоевски: Средношколците што протестираат за почист воздух, се пратени од Вмро Дпмне

Богоевски: Средношколците што протестираат за почист воздух, се пратени од Вмро Дпмне

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес, неколку гимназии во Скопје ја бојкотираат наставата во знак на револт против аерозагадувањето како дел од акцијата на скопскиот огранок на „Fridays For Future“ – меѓународно движење против климатските промени. На социјалните мрежи осамнаа пораки дека овие акции се партиски организирани, поточно преку УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Исто така, има наводи дека дел од професорите се заканувале со неоправдани часови или на друг начин се обиделе да ја спречат акцијата во училиштата. Во ова секојдневно политичко лудило, логички (и веројатно) е да се претпостави дека УМС имаат замешано прсти или барем ја поддржуваат иницијативата. Иако „Fridays For Future“ е меѓународно, надпартиско движење. Но, дали тоа значи дека треба да им го делегитимираме правото на јавен собир? Ни на крај памет. Правото на јавен собир не е право кое им припаѓа само на непартиските, туку на СИТЕ граѓани. Посебно ако тие граѓани (кои се дел под подмладок на некоја партија) истовремено се и ученици во засегнатите училишта.
Логично е дека УМС сега ќе поддржи секаква граѓанска акција која критикува политики или резултати на актуелната власт. Исто како што беше логично и оправдано кога СДММ ги поддржуваше протестите пред падот на режимот. Наративот за делегитимирање на граѓанска иницијатива само поради тоа што е поддржана од партија, не држеше вода тогаш, не држи ни сега (имајте на ум дека сосема е поразлично кога цели движења се осмислуваат и спроведуваат од партиски центри – како „За заедничка Македонија“ и кои имаа поинаква и многу понасилна цел). Без разлика на организацијата (доколку не е исклучиво политичка, на пример, локалниот огранок на УМС да сака да држи седница во училишни простории или доколку не ја попречува самата настава на учениците кои сакаат да присуствуваат), собирот на учениците не смее да се ограничува, ниту попречува. Уште помалку да се врши притисок врз самите ученици.
Е сега, друштво – и ние не смееме да бегаме од нашата обврска да се информираме. Мораме да бидеме свесни дека секој (дури и автентичен) облик на граѓански револт ќе биде политички искористен од ВМРО-ДПМНЕ, од тие што сакаат да не’ убедат дека сите се исти или од тие кои пропагираат лева идеологија, додека срцата им се полни со прилично десен национализам и шовинизам. Доколку овие луѓе не бидат вклучени во самата организација и спроведување и тоа како ќе се вклучат во медиумското покривање и пропаганда која ќе следи.
Тоа е товарот на нашата борба и на слободата – почитувањето на правата на сите, дури и кога тоа ги прави работите потешки и покомплицирани за нас. Посебно тогаш. А ние, мораме да се информираме и да ги научиме дури и субтилните разлики.
п.с. Сериозниот проблем со застрашувачки конзервативните ставови на нашата младина и како тоа ги прави многу поподложни на квазиконзервативна, националистичка и популистичка наратива е приказна која заслужува посебен текст.
(ФБ статус на Павле Богоевски)

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...