30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаМалиот херој Јане Велковски: Немам желби за Нова година, знам дека брзо...

Малиот херој Јане Велковски: Немам желби за Нова година, знам дека брзо ќе проодам

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

– За Нова година немам никакви посебни желби, скромно одговорил малиот херој Јане Пeтковски кој бил прекинат од неговиот брат – „Јас ја знам желбата. Да проодиш“. „Ааа, тоа. Па, јас уште малку ќе проодам“, со сигурност и цврстина одговорил Јане во интервју за Женски магазин.

<

Тој раскажал за своето искуство од говорот кој го одржа на самитот на УНИЦЕФ по повод Светскиот ден на децата, кој самиот го напишал, а споделил импресии и од запознавањето со големите фудбалски ѕвезди.

– Мама и тато ми најдоа само три грешки. Сакав прво да зборувам на англиски, но потоа се предомислив. Сакав да го претставам нашиот јазик.

– Бекам е многу кул, воопшто не се занесува, не се прави ѕвезда. Кога ми пријде да се запознаеме, го прашав кој му е омилен гол што го дал. Ми рече: Оној од половина терен. Се сликавме и си разговаравме. Му раскажав од каде сум и дека многу сакам фудбал. Бекам е супер, ама Погба си е Погба. Тој е најјак“, ни раскажа Јане, додека со мајка му Деница се убедуваше кое капче најдобро му стои за да се слика со него, вели Јане.

Инаку малиот херој месецов ја прими третата доза на лекот „спинраза“, за кој родителите на Јане и уште на шест деца долго се бореа. Овој лек, за Јане е надеж дека наскоро ќе прооди, но и ќе може заедно со неговите врсници од училиштето „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ да заигра фудбал.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...